Ќе смени некој грош, бел черек или бела меџудија, ќе им „измие очи", што велеше тој, и од стари, 'рѓосани, ќе светнат, оти човекот клава сребро: ќе платат мариовците, иако тој арчи петдесет драма киселина за сета таа работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сулиман чауш излегол ноќеска по Трибор да варди дали не ќе светне некаде оган или во зората кадеш, или и самите коммти да натрапаат на потерата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ние пак ќе се собираме и понатака и ќе кроиме планови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе светнат посветли дни, ќе се исправат грешките и ќе дојдеме до слободата. Само трпение и цврстина препорачувајте.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се јавуваат како молња, ќе светнат и ќе ги снема.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Мене тие нешта не ми се баш јасни, колку и да се трудам да ги сфатам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Бидејќи брзината на светлоста е поголема од брзината на звукот, најпрво ќе светне, па дури по некое време ќе згрми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ни збор да ми дојде на уста, ни солза можам да измолам, да пуштам. „Животот е роса, велеше мајка, ќе светне и ќе загине.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да, но ќе дојде ден кога ќе светне среќата наша како убав сончев ден и тога ние ќе бидеме најсреќните на оваа земја.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Небаре светлинка ќе болснеше во мракот, небаре накратко сонце ќе светнеше и пак мрак – солзите никогаш не ни пресушија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Роб ќе стане, ден ќе светне, младост пуста в крв ќе летне!
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Глас: Со врисокот на коњите, ќе се подигнат на задните нозе, роговите ќе писнат да го параат небото, а металот на оклопот ќе светне пред погледот на зората.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Многу години по Татковото заминување, кога ќе светнеше жолтата ламба среде татковите книги, ние верувавме дека Татковата душа е тука, крај неговите книги кои таинствено, во долгите ноќи, продолжуваше да ги прелистува Мајка... ***
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)