ќе (чест.) - сведочи (гл.)

— Зати така и беше — вели Толе. — Ќе сведочат ли гајдарџијата и другите? — Ами, којзнае!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А татко му еден ден му рече: кој нема татковина, нема ниту гроб, нема ниту гробници и ти забранувам да патуваш!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се прекори за тоа што го рече.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се сетив на Сартровиот ламент изречен во неговиот исповеден роман Зборови, кога како во тестамент, по илјадите испишани страници, искрено ќе сведочи оти доцна разбрал дека всушност перото не му било меч.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во својата поезија ќе сведочи дека е тој постојано во заминување кон татковината: заминувам во сон, таму ќе се најдеме ако постои враќањето од егзил, обновив минат ден за да те сакам повеќе во новото заминување, заминувам во правец кој не постои!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Косава секогаш ќе те брани и секогаш ќе сведочи за тебе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секој миг се очекува да насрне пеколот, а после - се знае: ќе се сневиди сѐ она што со векови се создавало, ќе замириса воздухот на пепел и јаглен, а по малку ќе останат само урнатини, поцрнети и голи, што нема ќе сведочат за доживеаниот ужас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)