Може да се допушти оти таква војна може да се очекува, зашто во комитетите има членови не само Македонци, ами и Бугари, и последниве никојпат не ќе се согласат со новото течење, зашто со него ќе се закопаат бугарските интереси во Македонија; исто така има и меѓу Македонците членови на комитетите лица што ќе расудуваат вака: Сега на старост ние не можеме да учиме нов јазик: бугарски знаеме и бугарски ќе зборуваме, – ние сме Бугари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Хичкок: „Во извесни случаи хепиенд не е потребен: ако публиката ја држите цврсто во рацете, таа ќе расудува според вас и ќе го прифати несреќниот крај, но под услов филмот да има доволно елементи што задоволуваат”. Саботажа (Sabotage), 1936 г.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)