ќе (чест.) - размислува (гл.)

Ако го имаат, тогаш ќе мислат и ќе размислуваат за дома, за најблиските, а тоа најмалку е потребно за калење на борбениот дух.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Им остана ли слободно време, тогаш не само ќе мислат, ами и ќе размислуваат, ќе оценуваат и проценуваат, ќе судат и расудуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И кога грееше и кога вееше Тој гол влегуваше во планината, ги ширеше рацете како гранки и веруваше дека еден ден сосема ќе се поистовети со стеблата, ќе потреперува и ќе размислува како нив.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Овој труд Климент Камилски долго време ќе го разгледува и ќе размислува за судбината на секој збор провлечен и речиси непроменет во сите балкански јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Којзнае уште колку Рада ќе размислуваше и ќе зборуваше сама со себе, ако Роска не ѝ ја прекина мислата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овде ќе размислува за патот што го изминал во својот живот, овде, без сведоци, ќе се растажи. не сум јас она што бев, мислеше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не знаеше кога почнал да разговара самиот со себеси и не знаеше дали навистина рекол гласно дека ќе појде во мансатирот Свети Никита, дека таму, во тишина и под трепетливи зелени покриви, ќе размислува за својот дотогашен живот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
ТРОШЧЕЈКИН: Не, не, секако ќе се тргнеме одовде, а потоа ќе размислуваме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Можеби овде поинаку ќе размислува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Можам да отидам на компјутерот и да се обидам да си го исчукам стихот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тогаш ќе биде гладен и можеби поинаку ќе размислува, ќе ме искара малку затоа што сум го вознемирила додека пишувал и потоа ќе се смириме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога ќе стои на неделниот железнички мост, таа ќе размислува за неизбежни патеки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кој може да објасни како или зошто тој снежен леопард дошол од Азија да престојува во таа неупотреблива пештера во едно маргинално земјоделско градче меѓу полиња на јачмен и компир во јужен Ајдахо. што го оформило таквото патување, какви лоши проценки, кои промени на ветер или струи, какво промашување на кое божество?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постои судбина на правецот на патешествието на сите предмети, ѕвезди и птици, бебиња и камења и реки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)