ќе (чест.) - пука (гл.)

Но главното е ние сами да си го бараме чарето, оти на нас ќе пукаат агите со манѕерите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој не може сам тука да најде, Организациата ќе ни испрати колку шо може да пренесе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Прво моата ќе пука, после вашите, — им рече како секогаш и се заплати зад карпата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Расим чауш се напоруча, и сега како сношти, пржени кокошки, мазници, алви и тргна со аскерот за Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По истрелот, кого снежните ридови го разнесоа како весел одзив на сите страни, беше доцна и за Змејко да помисли дека ќе пука уште еднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе пукаме само еднаш, и тоа е сега сѐ, што имаме, и сѐ што ни останува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама митролесците молчат. Знаат кој се таму и што се прави таму. Зар и на другарите свои ќе пукаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ќе си го искрка оној Ѓеле од татко ми“, рече едното од двете деца на Марко Проказник: вдоецот со нова жена од ништо не се плаши, ископал тој од под прагот на својата куќа револвер со седум куршума, од војната му е, ќе пука доколку некој ќе крене рака на него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога ќе почувствувам дека и последната капка крв ќе ја изгубам, ќе пукам. Да поживеам малку подолго од тебе и последен да те опцујам.“ Тоа се мои зборови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Ќе појдам и, вака слеп, ќе се судрувам со дрвја, со камења. ќе ме видат како се тетеравам кон нив и ќе пукаат во мене како во ѕвер.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Под црногорицата луѓето се раѓаат тврдоглави и умираат такви, И не им останува друго туку или да научат да живеат заедно, во пријателство, или пред време, пред тоа да го стори природата според свои тајни закони, да отидат по ѓаволите, не еден по еден според предвиден ред туку сите наеднаш, Со еден крик од кој ќе се уриваат карпи, ќе пукаат глечери и ќе се отвораат зараснати вулкански рани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На нишан сме си. Ќе пукаш или да пукам?
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
XXVIII На положаите над селото и манастирот започна силно пукање; луѓето исплашени истрчуваа надвор и гледаа накај положаите да видат што се случува; најпосле дознаа дека војниците се веселат што ќе си заминат дома, што не дојде до војна; пиеја од чутурките ракија купена од селото и пукаа; се пукаше и од албанската страна, се веселеа и албанските војници што ќе си одат дома; изгледаше дека се натпреваруваа кој повеќе ќе пука или можеби така, со пукање се поздравуваа едни со други; излегуваа и едните и другите од рововите и земјаниците да се видат подобро, да си ги видат униформите, оружјето, да си ја видат радоста што куршумите не си ги вперуваат еден во друг, туку во воздух; се пукаше во бранови или зачестено.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Германецот бара да престанете со пеењето. Ноќеска го убиле брат му кај бензиските складишта. Заканува, ќе пука.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа третиот во нејзините последни врели ноќи зачекори кон неа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе пукаш ли?“ праша: гласот веќе не му беше ни мек ни длабок. „Можеш ли да убиеш?“ Таа стоеше безгласна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И веќе не говореше тој туку студената цевка на пушката: „Ќе бројам до три. Ако не се разоружаш, ќе пукам. Еден...“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Крени ги рацете или ќе пукаме!“ Полиција, секако. Но, колку е тоа ретко и скоро неверојатно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Рекоа: „Војска не може да добиете“. А јас реков: „Добро, тогаш ќе пука полицијата“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, ја отфрлив таа идеја мислејќи дека жената полошо ќе пука под дејство на хипноза”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Слушате ли - и екраните вечерва ќе пукаат, зашто гавраните нотите ќе ги исклукаат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Ако добро научите да работите со пушката, со автоматот, со митралезот, за што ќе учиме во наредните неколку дена, тогаш така вас нема да ве носат, туку тие ќе бидат носени во кои ќе пукате.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бргу го сопреа два големи бункери, како големи бели очи на ридот, кои ми ја упатуваа последната закана: никогаш повеќе да не се враќам во родната земја зашто, во спротивно, ќе пукаат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Дедо сигурно ќе пукаше во неа со пиштол, - си велев, - и ќе беше ужасно возбудливо. Штета!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како да им објаснам дека јас, и да не ги гледам по нив ќе пукам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ако имаше војници, ќе пукаа во тебе, вели командирот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар од Алма Ата ќе ја ослободуваме, вели, зар од Казахстан ќе пукаме?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)