ќе (чест.) - произлезе (гл.)

Но нивното настапување можеше да се насети уште низ разните системи, општо нарекувани тоталитарни, кои се појавија на почетокот од векот, а главните контури на светот што ќе произлезе од преовладувачкиот хаос одамна веќе беа јасни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во новото поубаво утро во бескрајот на новиот ден ќе произлезе голема приказна, доволна за да собере цел еден живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Ако во овој свет се ви изгледа погрешно, дали сте се обиделе да му дадете вредност на животот?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
(4) При крајот на животот Дишан дошол до заклучок дека идејата за редимејд е веројатно најзначајна идеја која ќе произлезе од неговиот опус.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој ги фотографирал во 1918 и, на изложбата отворена во Париз, една година пред неговата смрт издејствувал сенките на неговите редимејди да бидат исликани директно на ѕидовите на галеријата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сега веќе ништо не знам да кажам повеќе за оваа метафора зашто ова е сонување, но кога ќе се разбудам, ќе морам на овој сон да се сетам и, ако се сетам, ќе успеам метафората да ја опишам од што ќе произлезат и објаснението и значењето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На уметникот сè му се простува кога ќе ги нацрта на слика своите најлоши пороци, а од тоа ќе произлезе ремек-дело.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Комитетот се надеваше дека од меѓународното заземање на Солун ќе произлезе дефинитивното решавање на македонското прашање согласно бугарските желби“172.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа ми беше јасно, но не ми беше – што од него ќе произлезе на моја сметка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали и мене ќе ми “отфикарат” некое казниште како што ѝ се случува на Мила, или ќе минам само со вербални воспитни мерки, како што има обичај да рече татко ми?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Каква тоа инаква слика за геј-културата ќе произлезеше?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Двата модела не би биле начисто различни, сигурно: Си замислувам – а немам намера сега да го предвидувам исходот од некое посебно истражување за кое, се надевам, некој ќе се нафати, па затоа не ни сакам да претпоставувам – но си замислувам дека обата модела на геј-субјективитет веројатно некако ќе упатуваат, на пример, на мелодрамата, на кампот, на обожавањето диви и на машката геј-женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како ќе требаше да се менува мојот модел на машкиот геј-субјективитет?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А сликата за машката геј-култура и за машкиот геј-субјективитет што ќе произлезат може да бидат дури и поразлични ако поаѓалиште е некоја практика како градинарството или декорирањето излози или домови, а камоли ако поаѓалиште се нуркањето, хевиметалската музика или верскиот мистицизам.424 ‌Тие разлики, сепак, би нѐ потврдиле во основниот пристап кон темата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, иако веројатно е претерано и прешематско целото тоа конвенционално сфаќање дека двете глумици отелотворуваат спротивни идентитети и типови на личности, изгледа дека е неспорно дека особениот етос и особениот стил на Бети Дејвис предизвикуваат визуелно, емоционално, морално и сензуално дејство што е многу различно од она на Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што ако решев, наместо на Милдред Пирс, да се сосредоточам на онакви класици култни за гејовите какви што се некои филмови со Бети Дејвис: Језавела (Jezebel), Мрачна победа (Dark Victory), Писмото (The Letter), Лисичињата (The Little Foxes), Измама (Deception), На крстопат (Now, Voyager) и Сѐ за Ева (All about Eve)?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликите меѓу нив, меѓутоа, и тоа како може да излезат значителни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако машката геј-култура можеби веќе не е преокупирана ниту со Џоан Крафорд ниту со Бети Дејвис, таа и понатаму им издвојува голем дел од своето внимание на холивудските ѕвезди, на дивите, на поп-иконите и на разни современи женски ликови кои отелотворуваат разни комбинации на сила и страдање, на гламурозност и абјектност, на моќ и ранливост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Жалам моите информации ако ви заличиле на ефтини досетки – реков – само посакав да ве запознаам со фактот дека еден ден заедно со ноќта не бев со себе си.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Наеднаш ќе произлезеше дека навидум прифатливите објаснувања се спротивни на секоја логика.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само не знам дали Господ го зема за зло и она што ќе произлезе не од лошите намери на човека, туку од неговиот карактер.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во тој случај одговорното лице кое му го исплатило надоместот на оштетениот има право да го бара целиот негов износ од имателот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имателот на опасен предмет што му го доверил на лице кое не е оспособено или не е овластено да ракува со него, одговара за штетата што ќе произлезе од тој предмет (чл. 162, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)