Оттука на сите четири страни се простираат булеварите на босоногите и гладните: децата уште не цапнати во школото на животот си играат куцкамен, а утре како тупамароси, маоисти, фиделисти и геваристи ќе продаваат визии за иднината спакувани во шеќерна волна.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
„Сѐ е мое...“ викаше тој, „Сѐ ќе продадам... Ќе ја оставам на улица, кучката...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ќе продадам, емен, сосем луѓе. Десет тајфи, околу педесет души — сите за работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А сигурно ќе продаде и некој нов „шеј".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Рампо чевларот ќе продаде барем петдесет чешли за свадба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Своите накити ги нудеа без довикување а муштериите ги пречекуваа молкум, се однесуваа така како да им е сеедно дали ќе продадат нешто од својата стока.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
За колку сум купил за толку и ќе продадам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)