Сама ги одбра предметите-нешта
во коишто ќе престојува:
моливот и глината
писмата и терасата
што ја нема
египетската мачка и
хербариумот
албумите и огледалата
глобусот и зборот
животинскиот ојас
и млечта, пчелите
трпезите за народ
и за љубов...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но Филозофот, како само тоа и да го чекаше рече: „Тебе, оче Стефане, душата пак за овој свет ти се готви, како вечно тука да ќе престојува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А јас со свој ракопис ја пополнив и на ситно им испишав како ми е напорно и како по цел ден се печам на сонце по оранжериите, и како јадам редовно, и како навечер сум покриена, за да не ми берат гајле, а тој да им ја испрати на моите во периодот кога ќе престојувам во Претор, како најелитно одморалиште во тоа време, барем за мене.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)