„Каде е Луција“, прашував. „Луција замина; рече дека ќе оди кај тетка ѝ во Велес, и дека таму ќе преспие, оти тетка ѝ ја очекувала на гости.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Некогаш испијанет, ќе паднеше во некој ендек и тука ќе преспиеше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Малку им беше криво што беа пробудени предвреме, се колнам, да ги оставеше човек така, на нозе, ќе преспиеја уште неколку векови.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Ќе преспиеме, па ќе видиме! - рече доктор Коста, свесен дека секакво донесување заклучоци во ова време може да биде пребрзано.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Луѓето не му верувале. Се веднеле над него и го тешеле: кога ќе преспие, ќе биде поздрав и од мајски дрен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но тој навистина, додека Онисифор Проказник со уште двајца отишол да го земе скриеното оружје на оној бег и на неговите измеќари со кои се колеле во куќата на немата Ганка пред да влезат во Лесново, седнал под стар орев и умрел говорејќи, зачудо смирено и без страв, дека не умира од старост, дека на дружината крлешки ѝ се залепила црна чума или проклета утеха: болката го одбрала него за да ги предупреди дека ни најумниот не е достатно силен да ја победи: злото ни секира го сече, ни нож го дупи, ни можеш да го зграпчиш за уши и да го урнеш од карпа в бездна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оној што јадеше јаболка ги доведе до дворот и таму во мракот чекаа да дојде некој војник да ги поведе до местото каде што ќе преспијат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)