ќе (чест.) - преостане (гл.)

Ако Татко и Камилски ги разгледаа сите неколку десетици илјади, ќе имаа работа до крајот на животите и пак ќе преостанеше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од сите поранешни привилегии им ја оставија само таа, да живеат на Имотот и да управуваат со Потковицата, да не мораат, како другата христијанска раја, да работат на полето, но и да опстојуваат делејќи го со неа, со своите довчерашни отроци, тоа што ќе преостанеше по толкуте давачки: покрај приходите од полето, од шумите, од ливадите, од лозјата, ним, на султаните, мораше да им се исплатуваат давачки и за патиштата, и за поилата на добитокот, па дури и за блатата и мртвиците во кои жителите на Потковицата ловеа риби и береа шамичишта и врбови прачки за кошари и кошеви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Камилски, откако ја измина на брзина пустината од заемките именки и ги постави на патот најкарактеристичните зборови, се сврти кон заемките придавки, броеви и прилози.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Оние што ќе преостанат. Рековте дека ќе дадете нешто за нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И ви кажав - со едно воле камен не се носи. - А двоколките? прашал Герасим од Побожјане со некакво рунтавесто грло. - Што двоколките?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога беше помал, на родендените што ги славеше, мајка му му правеше торта, и тогаш Огнен леташе од радост и постојано околку тортата се вркаше: за миг ќе го излапаше парчето што мајка му ќе му го отсече, а ги собираше и парчињата што ќе преостанеа од неговите другари.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Водарите не полнеа вода ако таа не наредеше, варџиите не ја гаснеа варта ако таа не го кренеше камшикот, а делкачите на каменот што се собираше за градење на џамијата, а што ќе преостане и за кулата и теќето, не работеа додека таа не поминеше и со опул не ги штрекнеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)