ќе (чест.) - потпише (гл.)

Но, од друга страна, со тоа што ми заповедаше да тргнам со неа, таа покажуваше бесна немоќ, и тоа беше симпатично. (Боже, можно ли е да сум бил толку незрел и глупав за да не сфатам што сакаше Луција да каже со тоа, и дека бараше да бидам со неа на еден општествено дозволен начин, како другар од партијата; зарем бев толку глупав да не сфатам дека тоа беше единствената форма под која можевме тогаш да бидеме заедно, тогаш кога партиската свест беше посилна и од свеста за физиолошките потреби?) За да ја развеселам, реков дека ќе потпишам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Искуството на жалост и ветување ја воспоставува заедницата, но исто така ѝ пречи да се врзе, чувајќи го во себе залогот за друго заедништво кое, на инаков начин, ќе потпише некои сосема други договори. 4Постои нешто зачудувачко во нашиов разговор: не зборувавме за “деконструкци­јата”. 4Тоа не е нужно, а баш и не препукнувам да зборувам за тоа. 4Дали поимот деконструкција го означува вашиот темелен проект? 4Никогаш немав “темелен проект”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можеби и ќе потпишеше некоја изјава во негова корист.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Војната во Заливот, на пример, е моќно, спектакуларно, трагично сосредоточување на таквите деконструкции.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Напишете го и јас ќе го потпишам... сѐ ќе потпишам. Само не во собата 101!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)