— Се дуе како „орел в торба и продолжува да се фали како е арен човек, како ќе попушти на селаните, ако се вади сноп.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога ќе попуштеше, го обземаше паника.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но кметот беше уверен дека еден ден таа ќе попушти, ќе се согласи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Дојките и задникот и беа толку нададени и впечатливи што ти се присторува дека секој час ќе попушти илои некое копче на палтото или патентот на суќната.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сигурно некој од нив ќе попушти во мачењето.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Оската ќе попушти, текот на војната ќе се измени.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој не можеше да си позволи себеси да биде токму оној дел од сета таа спалавена и разврзана работа, што ќе попушти, што не ќе додржи до крајот, што ќе откаже.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
САВЕТКА: Ќе го помолиме пак, белки ќе попушти.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Џонс префрли преку работ половина од својот оклопен труп; помислив дека металот ќе попушти.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
“ „Ќе заврши, татко, ќе заврши“, се обидува Нина да го спитоми, има мек нарав, па знае, ќе попушти.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не ѝ верував на мајка Ајде симни се и подготви се, до вечер има време ќе попушти, зар не го знаеш?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Нека ѝ биде чиста болката, а со време ќе попушти, ќе ја развражи устата, ќе пушти лаф.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Дури и да се обидев да му се спротивставам, тој не ќе попуштеше, туку ќе почнеше да ми објаснува за некои опасни заразни болести што се добиваат од нечистотија, мајка ми ќе продолжеше во негов стил, а мене таквите нешта ми се страшно здодевни, зашто ги знам веќе напамет.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Се надеваше дека Горда, кога ќе задреме, ќе попушти во својот стисок.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Малку јас ќе попуштам, малку тие и имаме дома една клима во која сите, и ние родителите и нашите деца се чувствуваме пријатно.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Да знаеја луѓето од Федерацијата, да допираше оваа вистина за козите до Врховниот водач, сигурно ќе попуштеа, по толкуте скришни и јавни молитви на мајките.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Па, ќе даде господ, калта ќе се олабави, ќе попушти и јас ќе почнам да се враќам пак назад, на земјата. На здраво да згазам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)