Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Така враќањето од Лесново им почнало со нов гроб: ќе го закопаат, кој има солзи ќе поплаче, ќе ги наредат двоколките и ќе појдат со темни грижи на челата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој сепак пред нивни очи поцрнувал и додека ја заборавиле неговата последна молитва и предупредувањето дека на мажите од Кукулино им дошол крајот, ги извртел очите и се вкочанил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)