ќе (чест.) - поживее (гл.)

- Кога судбината ќе се обиде да ти го скрши вратот, тресни ја по муцка, со тврд глас рекол Пандил Димулев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас ќе поживеам уште троа, додека и другава челад не замине за Австралија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
IX Тукушто брезничани се понадеваа дека ќе поживеат спокојно, им дојдоа нови, уште понеспокојни ноќи и денови.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А дотогаш и старците ќе поживеат со козите, заради козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некоја надеж дека ќе поживее и ќе се исправи од јагнешки кожи крај огниште да се одмаздува со нова крв во жилите го движела висок и со прерано изгорен тил од сонце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекорите му биле нерамномерни додека чудно одмавнувал со нозете во лесни опинци повремено обидувајќи се со слаби скокови да биде што подалеку од тој пекол на бучава, ѕвечење на јатагани и ножови и секакви пцуења или офкања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Бори се и ќе поживееш. - Со кого да се борам, каква судбина? - Таква.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„За утеха, останува само едно нешто. Останува за планетата Земја да водиме сметка така како што поединци умеат и можат да се погрижат за здравјето на своето тело и својата душа за да го поминат животот без болести, здрави и весели и со надеж дека најверојатно ќе поживеат некоја година повеќе, со добра сетнина.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)