Тоа е така затоа што едноставно толку сте отворени за сугестии кога сте на ЛСД, што да ви кажат дека чоколадните бисквити можат да ви помогнат да ја контролирате дрогата, вие ќе поверувате и навистина ќе ви успее.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ма дај, да бев јас сите и ќе поверуваа. Но, ти?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ти, синко, не ме слушаш за ова што те учам сега; арно ама ќе дојде саатот, што моиве зборови се по глава ќе те удрат и тогај ќе поверуваш; арно ама што рекол некој: ќе ти дојде умот, ама ќе ти појде кумот.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Не постои таков будала што ќе поверува дека мојот Благоја веќе го нема.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ќе измисли приказна, ќе ви ја раскаже, а само час подоцна и самиот ќе поверува дека вистински се случило она што предмалку ви го раскажал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во ред, можев да прифатам Катерина за мене да зборува што и да е.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кој ќе поверува дека Ескимите некогаш биле бели, бели, како сирење, исто како белите северни мечки!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Се колнат тие, а клетвата е поголема не само од мисирка туку и од овца. Што да прави Пецоица? Сака-нејќе ќе поверува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Оти таа умее и да ти се отме Токму во моментот кога ќе поверуваш Дека ќе можеш да ја опчекориш.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Човекот е должен да создава и тогаш кога ќе поверува дека ја запознал грдата навика на времето да му се приклонува на уривањето.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Можеби тој воајер кој наѕирнува од некое скришно место ќе поверуваше дека Анастасија си вообразува оти нејзината рака е крило што сака да ги испита своите можности за полетување?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ќе се приклониме ли кон помислата дека овие и вакви резони влечат кон утилитаризам, или пак ќе поверуваме дека тоа се резони, коишто нè воведуваат во филозофијата на XXI век, ни преостанува нам, како на читатели да просудиме во зависност од нивото на својата наобразба или од широчината на платформата на нашата идеологија но, прочитувајќи го овој роман на Луан Старова, сепак и сепак ќе бидеме спремни да се согласиме со нашиов високо извишен мајстор на литературно-уметничката реч, дека: „Ако има Бог, тој постои само во Мајката!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)