Туку чекај, ќе победи ревољуцјата, ќе ја воспотавиме диктатурата на пролетарјато и тогаш...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Парво треба да победиме. Кога ќе победиме, тогаш ќе имме само еден празник, празнико на пролетарјато.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Меѓу бугарските војници беше дури и пожелно вака да се разубавува животот на француските војници бидејќи тоа докажуваше дека се мекаши и дека печениот бугарски војник ќе победи.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Не брзајте, луѓе. Уште не се знае кој ќе победи.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И ќе победиме, макар што се сите против нас.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Некој ќе победи. Тоа е Арсо. Арсо ја урива карпата. Во каменото тело ќе направи пробив кон универзалната слобода.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Ќе издржам! Ќе победам!“ се натпреваруваше сам со себеси и стапка по стапка, длапка по длапка, одморајќи се повремено на веќе познатите рамнинки и засечки се искачи на Орелска Чука.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Кога ќе победи комунизмот, ми вели, ќе се исправи и мојата природа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А дали ќе победевме ако ја осудевме Југославија?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Кој е најјак на светов? да се степаат Кузман и Крвавиот капетан, кој ќе победи?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Исцело бевме посветени на вербата дека ќе победиме иако секаде губевме.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Е, нема ти, јас ќе победам!“ викна Мајкл. „Јас, јас“, пискаше Стивен.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Долго ги гледаше. Воздивна. „Празник на змејовите, нели?“ „Да, така е!“ „Јас ќе победам“, рече Мег.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)