ќе (чест.) - плива (гл.)

Барав начин на пишување кој некако би бил поврзан со платната и личноста на сликарот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Излези од тунелот. Те чекам на Треска. Ти ќе пливаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таму ќе има цвеќе со опоен мирис, птици со блескави бои, луѓе кои ќе пливаат по брановите, а (сеобложувам во тоа) во текот на денот на небото ќе се појави виножито.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Без никаква дрога, освен кофеин и никотин, јас утре ќе бидам во Сан Франциско и ќе слушам некоја своја музика, а во недела, ако даде Господ, ќе се разбудам на Хаваи со папаи и ананас за доручек.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
СИМОН: Колку ќе пливаш? Десет минути? Десет саати? Десет дена? Колку и да пливаш ќе се удавиш. Како да не си пливал воопшто.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Денови, кога целото племе ќе плива во бистра и чиста вода.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)