— Горе, внуче, наполни го пералникот вино, ќе плати поп Петко! — запален викна Пере, а Ѓоре го изнесе спремнатиот пералник со вино.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бидејќи они обата се вдовци, тогај за обата ќе платат по половина, и еве ти а цела.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Со пресек, со пресек да биде, та после ние селцки ќе видиме кој колку ќе тури, според тоа и ќе плати!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И тешко на тој што ќе влезеше во ова кафе да нѐ поздрави „прописно“. Се знаеше: ќе плати една ока „запрженица“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дали беше само вино и по малку вода, тоа тие знаеја со стрика си Перета, ама свадбарите ќе платат вино, оти тоа што го пиеја беше црвено.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе смени некој грош, бел черек или бела меџудија, ќе им „измие очи", што велеше тој, и од стари, 'рѓосани, ќе светнат, оти човекот клава сребро: ќе платат мариовците, иако тој арчи петдесет драма киселина за сета таа работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Времиња мачни во резервати оџата пее на 1000 вати се краде струја со киловати народот чесен на крајот ќе плати
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Само мал број на рекламни пораки се однесуваат на патувања (одмор за телото!), избор на кредитни картички (со кои телото ќе плати сѐ што консумирало) и слично.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И, ќе го „изрежеме“ на це-де и ќе го умножиме во онолку примероци колку што ќе платат, за да ги поделат на родата и пријателите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
По ова што стана вечерва, да чуе светот дека сум ти ја дал Симка без пари: подобро да го затворам дуќанот! Што е ред за мома, ќе платиш!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Празнично утро. Костадин е сам, и, токму после миењето, се брише со крпа).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Со песок ќе платам данок кога ќе дојдат утре. Ајдете, ќерки.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
ТРОШЧЕЈКИН: И тоа како ќе платите.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
МИМИ: Има работа сега. СИМОН: Викни го. Ќе платам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
КИРО: Не верувам во уверенија. Еднаш едно за малку ќе платев со глава.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Помислите и кажите – заврши кадијата и им го заврте грбот на врзаните, во знак дека ги чека да му кажат ќе платат ли сто илјади аспри или да заповеда да го запалат сејмените селото.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Што е мунасип, ќе платам, зашто јас пак имам волови и стока, ама со луѓе сум слаб; ми требаат два-тројца орачи, толку говедари, а може и некоја жена со поголеми деца да ги бркаат кравите по ливадите и гуските по реката – се јави и Мамут-бег од Оризари.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Попот ќе плати за сево ова. Вие не сте криви; тој со тие неколку ебепцази ве подмами да се земете на душа и уште кај ве мами. Не слушајте го него: отворете ја портата и излезете барем вода да се напиете...
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Жан Мартин пак прашува: - А кој ќе плати да пиеш она што се јаде и да јадеш она што се пие? Тони пак одговара: - Сите овие што седат овде. Се разбира, дамите повеќе. Јас сум за нив неодолив.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А оваа потврда ќе ја чувате. Ќе ви ја побараат на излезот од Албанија и за користење на нашите патишта ќе платите две евро.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Мислеше: да ја фатам планината, па да видиме кој кому ќе плати, стар сум, а и окото веќе не ми нишани; да побегнам некаде – нема каде, а и ако побегнам, тој ќе ми плати со крвта на некое од децата; да седне да чека да биде што ќе биде – ни тоа не му се сакаше.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Секоја вечер ќе начекуваат миг кога нема да има никој по скалите, ќе платат двојно, тројно, само за тој еден миг.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Без здив влегоа во мрачното сопче и чекаа, чекаа да се запали светлото во спротивниот дом.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Александар: Жими Зевс, за казна ќе платам, толку колку што вреди коњов!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)