Вели дека некои луѓе мора да извлечат поука со тоа што ќе паднат на глава.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
„Обично ќе откриеш дека тие имале добро Екстази доживување пред еден месец.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се вознемирував секогаш кога ќе откриев дека сум станал предоцна, сум изгубил, значи, некое време, во кое сум можел нешто да сторам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ворхол од Тавеловите сценарија не бараше основа за наративен филм, туку изговор и контекст од кој неговите протагонисти ќе откријат нешто за себе, односно создавање предтекст за настан.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ворхол во тоа име го ангажира и сценаристот Роналд Тавел, па дури во еден момент ги откупува и правата за романот „Пеколниот портокал“ на Ентони Барџис според кој е снимен Vinyl (оваа верзија ѝ претходеше на Кјубриковата).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
На цртаните филмови се гледа како на медиј за деца; луѓето се навистина вчудоневидени кога ќе откријат дека не ги притискаме истите копчиња, што повеќето цртани го прават со цел да предизвикаат одреден ефект.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Грот:Очигледно е дека ја преобратуваш младината на Америка. !
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И мислеше – кога ќе откријат во насмевот негов знак на невиност дал’ повторно ќе го убијат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Дури подоцна брезничани ќе откријат дека тој е дојден тука да го инвестира во ди-велопментот на сиромаштијата во Брезница сиот свој ум толку години собиран и печален по Америка.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Ако имаш позиција, секогаш нешто те навртува“, рече, вртејќи со невидливиот навртувач на масата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
„Имав гледишта кои толку жестоко ги бранев, а потоа ќе откриев колку биле глупави, и ќе се откажев од нив!“
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таа ја заговарала „чистата, непреводлива, сетилна непосредност“ на уметноста и на нашето искуство.387
Создавајќи таква реска спротивност меѓу херменевтиката на длабочините и еротиката на површините, меѓутоа, Зонтаг не видела што е тоа во површините што им ја прави толку привлечна сетилната непосредност: нивното овоплотено значење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како ќе објасниме зошто геј- или протогеј-субјектите ја усвојуваат културната практика на машката хомосексуалност кога сѐ уште се деца и зошто некои хетеросексуални субјекти, кои подоцна ќе откријат во себе длабока склоност кон машката геј-култура, некогаш се чувствуваат силно и непогрешливо привлечени од нејзините културни облици уште од рана возраст, без да бидат свесни за таквата привлеченост, односно барем не опишана така?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ќе откриеме и дека големата вредност на традиционалната машка геј-култура лежи во некои од нејзините најпрезрени и најкудени одлики: машката геј-женственост, обожавањето диви, естетизмот, снобизмот, драмата, восхитеноста од гламурот, карикатурирањето жени и опседнатоста со ликот на мајката.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во 1979 година Дик Хебдиџ напишал една прочуена книга што целосно се занимава со „значењето на стилот“, за кое сметал дека е клучот за разбирање на идентитетот на некоја малцинска поткултура.385
А уште во 1964 година, Сузан Зонтаг распалила „против толкувањето“, против оној вид ликовна критика што ја претпочитал содржината повеќе од стилот, што изгледало дека е зависник од значењето и доследно наумен да изнаоѓа уште значење, постојано ново значење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Припадноста во машка геј-култура – и за геј-мажите и за оние жени и стрејт-мажи кои ѝ пристапуваат – е нешто што се стекнува во текот на поодминатиот живот, преку процес на социјализација на возрасните.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо херменевтика на толкувањето, наместо на потрага која ќе открие што длабоко и вистински значи едно уметничко дело, таа нѐ поттикнувала да се зафатиме со една еротика на уметноста, со осознавање на површините, со опис на естетските вредности, на стилот и на неговите ефекти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па како може еден таков процес на социјализација на возрасните да објасни работи што многу јасно изгледа, барем гледано наназад, дека биле геј-културни практики предвреме прифатени уште рано во животот од страна на многубројни момчиња кои подоцна испаднале геј?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Толкувањето, според нејзината полемичка критика, го сведувало „уметничкото дело на неговата содржина“, а потоа таа содржина ја толкувало за да извлече од неа значење.386 Зонтаг жестоко ѝ се противела на психологијата, како и на хегемонијата во либералните кругови на психолошкиот хуманизам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Понатаму, каква смисла има да се зборува за култура без да се упатува на процесите на социјализација и артикулација?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Детето-слушател на првобитните приказни ќе биде разочарано кога, како возрасен читател, ќе открие дека она што го сметал за најчиста вистинитост на своето искуство - и како несомнена стварност - било само „литература“, зашто ќе се покаже дека не сме „сами“, односно единствени, за кое пишува Томас Ман, но и нешто повеќе од тоа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Или, пак, да можат тие самите, театарџиите, да почуствуват потреба од изјави што ќе откријат дека: „Паланечката моќ нема смисла, ако не се види.“
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Секако, зборот изненадување е само кратенка за нашето чувство кога ќе откриеме дека нашите слики за реалноста отстапуваат од самата реалност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ќе го најде некое дете, ќе открие во него нов свет и ќе се израдува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ако тоа се обиде да го направи како експеримент, возможно ли е дека ќе открие нешто ново за себе?
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но некогаш кога ќе откриеја дека се преправа, ќе го изнатепаше татко му, но тој стегаше со забите и во себе се радуваше што го бараат, што не им е сеедно што е случено со него.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
За брмчењето на мувите ќе мислат дека над нив заштитнички шушкаат кријата архаѓелски, во чавките на голите кубиња ќе откриваат нечисти сили.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога некој човек ќе ми се допаднеше на прв поглед, редовно по неколку дена ќе откриев толку работи што не ми се допаѓаат кај него и се плашев дека тој ќе помисли дека го сакам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ако му се дозволи контакт со странци, тој ќе открие дека тоа се суштества слични на него и дека повеќето од она што му е кажано за нив е лага.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Формулата на Шефот во случајот на полицајката беше едноставна: Ема, заедно со Нинослав, ќе го води префрлањето на Илона, а специјална екипа што тој ќе ја испрати таа ноќ на граничниот премин Табановце, неколку часа откако Чехињата ќе биде пропуштена без да се евидентира во системот за гранична контрола, ќе открие злоупотреба на службената должност на полицаецот Јованче Крстов кој својата улога во нашата група дотогаш си ја извршуваше беспрекорно.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога се подаваат низ подотворената врата да видат каде стигнале, ќе откријат дека се на истото место само најнакрај од сите колосеци.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сотирчо е малечок, има време, ќе открие што можат неговите раце!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Па сепак, не можев а да не заклучам дека Виктор е гласник на времето што веројатно еднаш можеби и наскоро ќе се сопина од насмевката на својата пренадувана надмоќ, како онаа божем голема вода што ќе се истури од единствениот залутан облак над жедното поле а потоа, откако ќе се најде на земјата, ќе открие дека е сосема мала, па ќе мора кутрата повторно да учи да оди и притоа ќе се сопина од секоја пенушка што ќе ѝ се испречи на патот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Веруваат дека вистината е светилка и ако ја окријат причината за изгаснатиот пламен мислат дека ќе откријат и кој го запалил!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Само што, најсетне, оние, простодушните ќе откријат дека она, зад облакот, не е Килиманџаро.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И како прилега кога одеднаш ќе ја тргнеш крпата и кога ќе откриеш купишта смет и кога ќе погледнеш внатре па неколку секунди гледаш во белите нешта што потсетуваат на макарони или јувки, само што тие живеат и вријат. Ги има милиони.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А сите Козаци знаат, а и јас убаво паметам, дека тој никогаш не бил ничија жртва, а најмалку жртва на животот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Наеднаш ќе открие дека, според Иван Степанович, човекот е предодреден да страда; дека безброј непредвидливи нешта му се испречуваат на патот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ќе си поиграат поединците со ваквата дарба извесно време, а потоа наеднаш изненадени и самите ќе откријат дека дарбата ги напуштила, а некој, на кого дотогаш воопшто не му обраќале внимание наеднаш ќе се јави и бесрамно ќе објави оти токму тој е единствениот кој е надарен со поглед во иднината, и сите поранешни јунаци, избезумени, ќе слушнат дека тој, новиот, всушност ним им заповеда и дека бара од нив часкум да се свртат назад.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ќе откриеш дека ако попрв ги видиш другите, тие нема да те видат тебе, а ова ти овозможува време за набљудување, или материјал за подоцнежна употреба.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Воопшто, колку што поголем набљудувач е писателот, толку повеќе ќе открива теми за пишување.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Народната власт се ќе открие, само да дојде до власта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Чудно, овие три сестри, две од нив близначки, никој не би рекол дека се сестри ако заклучува по надворешниот изглед, дури ни за близначките, ама ако малку подобро ги загледаш ќе откриеш една светлинка во нивните очи, еден проблесок што ги врзува толку силно и од нив трите излегува едно стебло!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Повторно ќе бидам искрена и ќе откријам уште едно од моите патешествија со Змејко.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ги тркалаше Стомачето очите, секогаш кога ќе откриев некоја од тајните кои вешто, а понекогаш и не толку вешто ги криеше од другите луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Често пати дали ќе биде осуден некој револуционер или, што било уште поважно, дали ќе се ограничи само на него или ќе земе пошироки размери, зависело дали тој ќе го признае обвинението или не и дали ќе открие други.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)