Кога ќе остарат, последните мигови од својот живот сакаат да ги поминат близу родната им грутка.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Леле, кога ќе помислам дека еден ден двајцата со мајка ми ќе остарат, многу се вознемирувам и се плашам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Бидејќи брат ми одбива да разговара со мене за овие нешта, вели сум претерувала и сум тормозела, еднаш решив да им се доверам на братучет ми Борче и на Огне, синот на чичко Коче и тетка Софче, најдобри пријатели на моите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Знаеш, љубов моја. Се прашувам дали и ние ќе остариме заедно? - Да, да... - одговори Томо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во Потковицата сѐ уште се немаше случено, но за слични злодела денизден пристигаа вести од околните села: Турците грабеа моми и невести и ги носеа на чифлизите; таму ги турчеа и се женеа со нив или сѐ до старост ги чуваа во харемите, а кога ќе остареа, огрубени и обесчестени, ги падеа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со други зборови: комитетот ми дава возможност за една година да се извинувам за неисполнувањето на реформите а после не ќе ги воведам, зашто тие ќе остарат.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Којзнае колку робијаши има во Сибир! Може овдека ќе остариме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- А, кога ќе остари, ќе види тој, нема да му помагам, нека се мачи сам со бастун во раката.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)