ќе (чест.) - остане (гл.)

Колку дена бдеела врз мене додека сум бил во бунило, додека не се знаело дали ќе останам или ќе си заминам?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ќе се врати од печалба домаќинот мој, и ќе остане колку во мене семето да за ’рти. И пак ќе си замине...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се сакаме, ама тоа ќе остане само една прекрасна флуктуација во сеќавањето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Уште еднаш и тоа мошне убедливо се увери дека снегот цврсто ја држи опсадата околу колибата и веројатно за подолго време момчето ќе остане беспомошен заробеник на белиот владетел.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И ако не се вратам од фронтов, ќе остане така, невидена, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓутоа, како што ќе видиме, тоа ќе остане само желба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
ВО ИСТАНБУЛ човек никогаш не треба да се возбудува дека ќе остане без хотелско легло, зашто тој е преполн со хотели, со ноќевалишта и анови...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дури и се слушаа гласини дека: Балканците треба да направат историски чекор кон културното, политичкото, социјалното, технолошкото, економското и кон финансиски поефикасен облик на организација- во спротивно ако тоа не се случело ќе следел нивниот масовен егзодус- па од Балканот со егзодус ќе заминат спрема Запад, а во земјите на Балканот, ќе останат шака интелектуални дебили, со политичка власт и економска моќ- опиени болесници кои ќе управуваат со Балканот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Да, знам дека повторно ќе ми биде тешко чекањето, но знам дека ќе се исплати. ќе најдам начин мојата тага да ја отелотворам во нешто што ќе остане да ме потсетува на тие мигови поминати во тага и заборав.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секој допир е инхерентно сплотување на душите, несебично давање дел од најдрагоценото, дел од себеси, збогатување на радоста, разбирање на тагата, ритуал на взаемна егзистенција.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не! Тука ќе остане! Јас сум за неа дојден!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Ние не сме тие кои решаваат кој ќе остане настрана од некој злостор“, му отсеков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
МАРА: Вратава од одајчето и портата да не ги затвораш, вака ќе останат дури до вечер.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Мислам спомнав дека Иван изјави оти можеби ќе остане цела недела кај мене, во воденицата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Вечерва ќе останеш овде. Ќе спиеш овде. Јасно?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Волшебник си голем, до бескрај те сакам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- За казна ќе останеш попладне, а за утре ќе напишеш илјада коси црти!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ЛУКОВ: Блазе си ти. По свршената работа одново ќе се вратиш на Пирин, на својот Пирин, а ние ќе останеме... овде.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Така, критичарите наоѓајќи го својот идеал во текстот без текст, ќе останаа без глас, но и без себе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сѐ помалку и помалку луѓе ќе бидат способни да комуницираат со ремек-делата на литературата и идеите. Џојс, Вулф, Џејмс и останатите ќе останат непрочитани.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Никнува во спирала околу него, го стега, без здив ќе остане Антуш Крстин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ти знаеш, и до сега така било, и секогаш така ќе остане.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ќе остане ли долго, - прашав. - Една недела, ако не и повеќе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Арсо ја префрлаше во себе мислата узреана отскоро во него: треба да остане и ќе остане само оној што ја менува својата судбина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
О, господе, главчето ѝ летнало горе, ако се сопне, ништо не ќе остане од нејзиното малечко, шилесто носе, чпртесто, слатко врапчешко носенце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не оти ќе остани вечно? Беше Турчинот? Беше. Го има? Го нема!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Отпатува во Прилеп кај тетка ми и тетин ми на „годишен одмор“. Ќе остане месец, може и два...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Преку кохезијата на мислите и чувствата се обидов да ја доловам тривијалната симбиоза на ироничноста, моментите кои не ги проживеавме, мислите кои ќе останат вечно заробени во матриците на просечниот ум и чувствата кои никогаш нема да ја пронајдат својата совршена форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Патем, тресејќи се од студ, брзајќи за да се згреам, сум размислувал дали има и некои други од оние со кои учиме да живеат во вакви услови? и воопшто, ќе издржиме ли, ќе останеме здрави?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Секој миг се очекува да насрне пеколот, а после - се знае: ќе се сневиди сѐ она што со векови се создавало, ќе замириса воздухот на пепел и јаглен, а по малку ќе останат само урнатини, поцрнети и голи, што нема ќе сведочат за доживеаниот ужас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Треба да се подготвиш.“ „Подготвен сум.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На друго место, прашината се користи како средство за мерење време, некој вид клепсидра, опишана на следниов начин: „Внатрешноста на чашата треба да се премачка со лак или сапун, 14 Margina #3 [1994] | okno.mk така да прашината, паѓајќи од решетката за гипс, да може да „легне” и да го обележи местото што ќе го допре; на тој начин ќе видите и ќе можете егзактно да утврдите до која висина допрела прашината, бидејќи ќе остане залепена.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Јусуфовиот татко Илјаз Вриони во 1921 г. ќе биде претседател на втората албанска влада и ќе остане една година на оваа функција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но ако ја земеш невестата во нова куќа, ќе го земеш и свекор ѝ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најмногу го мачеше мислата дека децата ќе останат вечно да робуваат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе умре водата и од неа, како и од човекот, ќе остане само прав.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И ние само погаѓаме дали ќе ја зафати и шумата или ќе остане само во селото. 203
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во Солун ќе остане колку што милува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Околу неа, од сите страни е стреата на дабови столбови, под стреата насекаде има клупи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со оглед на силните плуралистички, ако не и анархистички, елементи на Деридините учења, може да се чини одвишно да се тврди дека тој исто така е еден универзалист.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За какви злосторства? се прашувале луѓето, За оние по кои не ќе остане за новороденчињата жена со боска, говореле и пак демнеле и ковале нови стапици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Добро им дојдоа бомбите и патроните што ги донесе Ѓорче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вест за надеж. Надеж дека и натаму ќе остане сопруга на Хелвиг. Карл, негов син.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А и ова веќе не сум јас – некогаш имаше нишка која ги поврзуваше ова детенце, ова момченце и мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Поодил што поодил му текнало нешто што требало да го нарачат на жената: - Туф бре, види како заборавив нешто да је нарачам на жената ми - си рекол сам со себе - ја чекај ќе се вратам, нема чаре, за на аџил'к и утре се оди, дните в торба не влегоа, кога ќе сторам ниет, тогај ќе одам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На лицето на облакот ќе остане тиха сенка.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Аман де! Ако го сторите тоа, дури тогаш твоето име ќе остане вечно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А подоцна, кога веќе беше роден, многу често, само и да помислев: "Мој Иван е овде" - веднаш ми се причинуваше дека тоа име го слушам изговорено од некого и тоа на сет глас, иако јас молчев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа значи дека постои огромна дискрепанца у соодносот 1 богаташ на 10 шмизли, што укажува на фактот дека, сепак, поголем број од шмизлите ќе останат со прстот у уста.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Штом ќе останеа сами гледаа пак кон сртот на планината.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ти не знаеш како е, кога едниот ќе остане сам да биде родител!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не дека таквата позиција ќе остане непроменлива, сепак дава некоја речиси комплетирана слика за личноста.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во град сум гледал жени - издолжени како жерави, чиниш сега ќе влезе во вода и ќе остане со издолжена шија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
МАНОИЛ: (Ја фаќа) Ти тука ќе останеш! Ти си должна мене да ме слушаш!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Уште со првите проблесоци на свеста кај детето започнува едно тегобно чувство за времето, како нејасно претчувство дека постоењето е составено од зрна песок кои ги развева ветерот, и дека единствено она чувство за себе, за Јас, нѐ држи навидум целосни, сѐ додека не биде одвеано и последното зрнце песок, тој последен остаток од животот, со кое и Јас ќе згасне, а зад нас ќе остане само ветерот на времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да не се откажев од цигарите, ќе запалев цигара и ќе останев на плажа додека не согореше, онака како што прават луѓето во црнина кога ќе отидат на гроб на некој близок роднина.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И да не беше ти - таа ќе останеше само меѓу мене и Младичот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Потоа праша: „Ќе останете за ручек?“ „Не, благодарам,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе го истисне црвот на стравот, ама ќе остане обеспокојувачката мисла во врска со ненадејното појавување на Костадина кое како да е толку реално што мислиш може да крене стап за да мава по него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вети дека ќе ја почитува и дека ќе ја обожава со своето тело и дека ќе ѝ биде верен до крајот на животот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Касапите, луѓето свикнати на колеж и крв, исто ќе останат занемени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Гледаш оти вистината мораше еднаш да пукне и да прошета пред нас, и тоа без насмевка на лицето!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Заради задачата “Ема”, кога со полицајката ќе останеа сами, се однесуваше необично, плашејќи се да не ѝ погледне в очи зашто таа сигурно знаеше (така претпоставуваше Деница) да прочита барем мал дел од нејзините намери и затоа, кога ќе останеа сами, Деница разговорот го насочуваше кон нешта кои бараа двете да гледаат нешто таму некаде, да пребаруваат таму некаде, да се смеат или да се чудат на нешто што е таму некаде, надвор од нив, а пак тука некаде, во близината, во канцеларијата, во собата, во ресторанот, на улицата, кон нештата кои беа доволно интересни и важни за да бидат двете свртени кон светот што ги опкружуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
— Земи го фустанот, ми вели Наталија, и да не го земеш ќе останеш без гаќи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се престорува твојава кора земја и скриени во неа ќе останат рачињата што те прегрнуваа . . .
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„Ама и ти ќе останеш, кардаш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Уште долго ќе останев замислен, на неодре­деното место, ако од занесот не ме оттргнеше, кој друг, ако не, сеприсутниот глас на Х.Х.: - Се заборавивте крај морето!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога Marion Muller ја напиша својата статија во веќе споменатиот број на „U&lc” :”Се чини дека Frere- Jones e надеж за иднината”, не можела да претпостави дека тој тинејџер толку бргу ќе ги надмине неизвесностите на почетниот стадиум на дигиталната сфера и дека ќе го најде своето место во срцето на современото фонт-дизајнерство. Frere-Jones уште од самиот почеток знаеше дека фонт- дизајнерството не е уметност која изумира, како што анти- компјутерските луѓе предвидуваа дека ќе се случи, туку дека ќе остане извор на креативно задоволство, интелектуална стимулација којашто има и значаен јавен интерес.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Папуџија сигурно не ќе останеш, оти Јосифа ефенди го знам, тој сигурно друго мисли. А ти сила, гледам, имаш и за други работи“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На крајот најважно е што останува за фалење Моево, очигледно било само будалење Жалам што те вовлеков во предградијата мои Ризично е знам Неизвесно е знам Жалам што не можам пуританец да станам Жалам што секогаш ќе останам воин! 1997
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Но, има луѓе на кои нивното чувство или мисла им бега и се вселува во некој друг, во нешто друго; или можеби, некогаш одамна, научиле дека помалку ќе боли доколку дел од своето Јас, оној дел кој чувствува нешто, се префрли во нешто друго, наместо да остане во нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Часовникот на ѕидот забрзано чука како да го фаќа некој страв дека ќе запре и ќе остане засекогаш не навиен, нем.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не вредеше да се прашува Иваз зошто е итно, тој ќе останеше или нем како картагинските статуи или ќе го каже веќе чуеното во вакви пригоди.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
ЕВДОКИЈА: Коста е со мене вечерва и ќе остане овде: Што сакаш?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Знаеше дека никој никогаш не ќе може да ги избрише сосема тие стапалки од снегот, дека тој ќе остане до крајот со нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
22. ТЕ ПОКАНУВА СО ПОЛОВИНА УСТА - а другата половина ја чува за да каже: вистината, братче, ќе остане пуста, имај го за пријател оној што те лаже ...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Со други зборови, дајте им ја вие власта во рацете на Македонците, тоа треба да се разбере на оние од нив што се викаат Бугари, та од неколку години после вие ќе видите оти и во Македонија од другите народности ќе остане тоа што остана од Грците во Источна Румелија, по ослободувањето на последнава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Понатаму, симптоматично е тоа што е избришана експлицитната одредба која предвидуваше дека работникот кој засновал работен однос на определено време има исти права и обврски како и работник кој засновал работен однос на неопределено време (чл. 25, ЗРО/03 – Пречистен текст) – што, во праксата, се одрази врз правата на поранешните работници, кога тие ќе останат без работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Во твоето Кукулино ноќе ќе ти се собираат пред врата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога веќе сѐ ќе стане заборав, пепел во човечка черупка во која во исто време се населуваат нови чуда, ќе остане само сеќавање за писмото на Рубина Фаин и прашање какво било и какво е, ако е сѐ уште живо, она јапонско дрво кое е и пак не е тајна за денешниот човек.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пред два месеца, Лила требаше да му се придружи тука и да му ја скрати многумесечната осаменост, но таа веќе по третпат му најавува дека сѐ уште не ги решила прашањата со одржувањето на нивниот комфорен апартман, па уште извесно време ќе остане во Софија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа градба зад Меланхолијата е всушност нејзиниот живот, животот кој, како и да се живее, како и да се гради, ќе остане недограден, како попусто проживеан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајката Роса со своите момички, моите други сестрички? Тие до кога ќе остануваат тука?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А ако се испразни од Македонија името Србин, тогаш ќе остане за Македонците само името Бугарин што беше политички и етнографски термин уште до турското завојување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе остане традиција да се одгледуваат рози и внатрешни растенија што го облагодаруваат просторот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Можете да го сфатите колебањето, кое како да надоаѓа и го спречува лицето да влезе во просторијата, бидејќи ходникот, како што е направен, дава речиси театарска глетка, и го нагласува чувството дека човек откако ќе влезе ќе остане упадлив спрема заднината.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Глигор ќе остане единствениот сведок на неговото запирливо умирање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А кога старецот ќе се врати, момчето пак ќе остане со него, до крајот на зимскиот распуст.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таму тој беше генерал, овде е - фуј!“ „Не, не сум фуј... јас и овде сум... “, се обиде да се спротистави генералот. okno.mk 159
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И така мојата потрага по тајните на сиџилите ќе остане незавршена.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сега беа тројца во оваа собичка, а само по малку двајцата ќе си заминат по тој врнеж, а едниот ќе остане тука сосема сам среде таа дивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Освен селото, ако во него можеше да има живот, освен тие куќарки од камен и на камен, немаше наоколу ни човек ни птица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
306 а посебно што Кардељ во говорот не се осврнал на идејата за формирање на јужнословенска федерација на поширока основа и победата на линијата на заседанието со која било утврдено дека “Македонија дефинитивно ќе остане дел од Југославија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Можеме јас и ти да бидеме параноични и два дена да викаме, па вака е, па онака е, а овака треба да биде...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Што ќе правиме? До кога вака ќе останеме скриени во грмушките? – шепна Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Арно ама, претчувствувам дека нема да доживеам да го препознам и да го внесам во тајните; тој ќе се појави,ќе го покаже своето вистинско лице дури откако јас ќе умрам, и кога ќе дојде време, со вцрвенети образи, ќе застане пред своите родители и ќе каже дека му е доста од сè и единствено на што потајно се надевам е дека дотогаш ќе остане уште нешто од моите банкноти, зашто го изменив тестаментот и остатокот од имотот му го завештав на оној кој прв ќе направи очигледен знак дека е предодреден да тргне по моите стапки...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Кога ќе останеш за секогаш кај нас ќе добиеш друго име.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И Арафат сакаше да остане и вистински ќе остане во историјата, како мит, како икона, како татко- основач на палестинската нација отколку како моќен лидер кој со својот навидум политички донкихотизам сакаше да го обедини светот за да ја разбере неговата борба за слободна Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Света Недела ќе ве отепа, не ќе останете кога јас друга ќе прибера во моата куќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не заѕидувајте ми ги градиве, браќа мои, туку под везенава кошула двете боски оставете ми ги слободни, и секој ден детето носете ми го трипати, в зори, напладне и навечер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дали ќе трае само толку, колку што ќе останеме наведнати над пепелиштето и остатоците од темелите на нашите куќи?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не оставај ме, кога небото ќе те повика крај себе, тука дупка ќе остане само празна без нежна душа, која рани мие.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
II Елате момци црни мажишта, дечишта, чакали, орли од сите угари од сите добрави сите дедовци и сите колена Елате Да се збереме да се видиме Останало в крв уште од века нешто ни една лута змија в земи не ќе го исцица ни една тревка ни еден корен не ќе го исцица што ќе остане да ја храни оваа црна и проклета да раѓа бериќет маштија и немаштија.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Особено откако дојде сестра ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Како што од пандорината кутија излезе само надежта, така ќе остане таа тајна, да тлее и прогонува сè што живее. Ќе биде највлијателниот двигател на телесни задоволства и непроменливиот сојузник на гревот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А тој — Јово со Цилета и со заштитата на знамето ќе остане на своето место, „Касаматова Тумба", и во случај таа да остане надвор од обрачот, што прирадно и беше, бидејќи беше одделена неколку стотини метра од Маргара, тој ќе даде оган в грб на аскерот и ќе го раскине обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Накиснало од зимните дождови и од стопениот снег и ако не го проветрат и потсушат ќе и проникне и ќе останат без храна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи како што тој вели во Spurs/Eperons, „текстот ќе остане неограничено отворен, криптичен и пародички“ 7, постојат мноштво начини со кои дури и една единствена личност, и a fortiori различни луѓе можат да го деконструираат. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 71
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зарем човекот не ќе биде среќен кога ќе остане без историја, кога ќе се ослободи од границите?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
ЛУКОВ: (Кога ќе остане сам како камен да симнал од себе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Остави три по тебе; како да е, некое ќе остане да го носи името на Стојана.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Самата одлучила да живее сама. Но, тоа не мора да значи дека така ќе остане до крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Мене татко ми и мајка ми ќе ме убијат што не сум вратена дома – додаде Мила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па пак ќе остане, така како што е.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Во моето сеќавање оној што замина засекогаш ќе остане Ведран, а оној, кој белки набрзо ќе наиде ќе го наречам по твоето име, Иван, а на тоа твое Иван ќе му го придодадам и моето, Таша.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, тоа не беше најстрашното: најстрашно беше тоа што ние живеевме во еден сосема реален и стварен свет, светот на Партијата; ги делевме нејзините ставови за светот и животот, а Јан Лудвик дојде од некаде, упадна во тој свет и сериозно ги разниша нашите убедувања; тој, со други зборови, сериозно се закани дека ќе го уништи тој свет, дека ќе го дупне, како меур од сапуница, и ние ќе останеме – надвор од него, во некаков безвоздушен простор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пред почнувањето на борбите додека побратимите му помагале да го избрише со крпа мотоциклот од прав и црно масло, попот ги помолил да ја чуваат неговата торба со историски записи а за ежот ќе се погрижи самиот: ќе загине Доситеј, ќе остане Армодиј Давидовски да го спасува светот од змии и глувци и да тагува по својот набожен доброчинител.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така, секоја жаба што ќе се најдеше во водата која ја раствора и чисти бојата од кожата ќе го преживееше перформансот, а сите оние жаби кои ќе останеа предолго на платото ќе загинеа поради сушењето на бојата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кој ги слушнал Каљостро и Кракатау - доста му е, кој не слушал - не пропуштил кој знае што (плус може да ги чита овие палимпсести, или фалсификати, ако повеќе љубите), но емисијава ќе остане така да лута низ етерот ко некој чуден документ за една мала, кревка андерграунд сцена, во еден “толку мал град што и глувците таму се чувствуваат стеснето”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дел од мене засекогаш ќе остане осамен, некаде фрлен и отуѓен, без волја да ја пронајде својата подобра хемисвера.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Жими ти, сине, секогаш, откако ќе завршеше приказната, чесните по правило ми заличуваа на оние, одвејаните, кои ќе останеа како и плевата подалеку и понастрана од житото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го совладавме непријателот. Многу наши од Леринско, Воденско и Костурско засекогаш ќе останат тука.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нив ги садеа во пролетните утрини во стотина огништа околу пиланата, се хранеа од нив преку целото лето, а наесен ги откопуваа (тие што ќе останеа и ги сместуваа во тој агол, да се најдат за некое вакво предојдување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И затоа врти ги сликите, соочувај се со себе, живеј со спомените, разговарај со нив за да не онемиш; навраќај им, зашто сето тоа таму ќе остане, на тој живот на кој многу му верувавме...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во меѓувреме фирмата С.Р.С. ДОО Скопје престанува да постои.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Нема. Ќе останам овде до ден. И повеќе. Додека не ми дадеш. - Проклет да си.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти сѐ ќе ми земеш однапред ниту една победа не ќе остане за мене!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
- Добро е тоа, но има еден проблем, ти старецу можеш да си одиш, ама момчево ќе остане со нас да ни ги спаси овците.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
3. ПРАВИНАТА СЕ ТЕНЧИ, АМА НЕ СЕ КИНЕ - ќе остане од неа бар една светла нитка исправена, в земи ќе се забоде ко клинец вкоренувајќи се да расте во црвена китка...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Се сметало дека е тоа победа на онаа линија на заседанието со која било утврдено дека „Македонија дефенитивно ќе остане дел од Југославија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А дедо Спасе ќе остане уште долго надвор, па ќе си го пуши лулето и ќе си мисли на свои работи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
По добивањето на Меклиновата информација за заседанието, експертите на Форин офис можеле да "здивнат", бидејќи било "заобиколено контроверзното македонско прашање", особено што Кардељ во својот говор не се осврнал на идејата за формирање јужнословенска федерација и уште повеќе што на заседанието било јасно речено дека "Македонија дефенитивно ќе остане дел од Југославија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Еднаш го видов светот, тој преубав, совршен, хармоничен, задоволно го вдишував пријатниот мирис на животот со идиличен крваво црвен и азурно син витраж на појави кои се раѓаат од слаткиот извор на копнежите, надежта и страстите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе останам дури и сосема рамнодушен; се разбира во случај тие одговори да не бидат придружени со оние допири на аглите на нејзините усни што зачудувачки вознемируваат и речиси ме присилуваат да верувам дека сум сосема близу до проѕирните превези на првиот грев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Осамениот орел го чекаше својот миг: ќе отидеме, ќе остане мрша.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Како така? Зошто така?“ сѐ да знае светот сакал.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Иако, и нејзиниот син е во прашање, и ќе остане без други деца, ја израдува ова сознание.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Не е вистина, - викна давеникот. - Па нели нашите патриотари ја пеат онаа, како е, чекај „На пат за да ја земеме Москва, ќе останеме на починка во Софија за да се напиеме по едно кафенце“, така некако, нели?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Амам: промена на смислата Не кога ќе влезеш и кога ќе те заплисне врел и непроѕирен воздух не кога ќе те поклопат капките разлеани по ѕидовите реата, мермерот, мрморењето не кога ќе те обземе вртоглавица зашеметеност од празнината на амамот, полна пот, плот и пареа не кога ќе те погоди како отсјај во сон светлината подадена низ розетата дозирано, од високо не додека студеното сонце-иње од карши ги облагородува дрвјата, релјефите, порталите, фасадите на сараите туку кога ќе потонеш гола во гротлото ко крвава рожба во исцедокот од водолијата тукушто прсната, за да може да се слизне низ пенџерето на животот (на)право во царството на немилосрдноста кога збунетото тело ќе помисли дека секое друго место е подобро ама ќе остане и понатаму - таму без да се помести кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување од секојдневието, од агонијата на распадот (целото е мислена именка, далечно минато) кога ќе се престориш течен заборав божји благослов и ќе му се предадеш на телото мислејќи си ѝ се предал на психата егзотичното прелевање на смислата сѐ додека не се претвориш во прелив како таков кога ќе се испреплетат значењата едни со други и ќе се испретурат во кошницата на светогледот а ти ќе тргнеш во потрага по почетокот кога ќе сфатиш - Бизант е капија во темните агли на памтењето цела епоха е втисната како анатолиска крпенка во обичните зборови од твојот мајчин јазик во интимата на јазикот и се спровира низ капијата кон одаите и спалните дома кајшто по извесно време по извесна стварност потеклото се заташкува сродството се изобличува јазикот има свои потреби како и телото сфаќаш и тонеш во без-сознание зад јазикот, отаде нека почека ако те чека ... Истанбул, декември 2003
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Слушај ваму, Велико, ми вели Неделко Сивески, ако ги пуштат сите војници, ќе останат без војска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Арафат имаше мигови во нашите повеќегодишни средби во Тунис од крајот на 1995-та па сега до есента 1989 година, кога ми ја подотвораше душата и со доверлива искреност излегуваше од вообичената тема и преттекст на дипломатскиот прием, за да слезе длабоко во душата и да ми ја пренесе вистината за својата љубов Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе останам овде ноќва.“ „Треба да патуваш.“ „Патувам утре.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Османците инаетот го оставиле во аманет за идните времиња, но со надеж дека инаетот ќе остане во самиот себе, без да се пренесува на другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го одврзав Гаро за да може, кога ќе остане сам, да се напие вода во езерото долу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Навистина, мислеше дека е со нив а не како кога ќе останеше сам крај дрвената барака за да го гледа без рабирање заодот и сѐ под него: невидливите џуџиња во печурките и твриде големоглави бубалки опколени како старовремски војници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Што ќе остане од неа додека ме втаса?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Никој не веруваше дека ќе остане жива. Долго не се освести.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Насмевката ќе остане да го отвори ковертот На моите скриени желби Твоите ветрови ќе уриваат во тесните одаи На моето почивалиште, оставајќи ја последната ружа Но, мирисот ќе остане во твоите прегратки вечно.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Јан Лудвик го исмеваше нашиот свет и тврдеше дека тоа е лажен свет, дека е илузија; ние моравме да се браниме себеси, да го одбраниме светот во кој живеевме, оти немавме друг свет, свој свет, како што имаше тој; ако го изгубевме светот на Партијата, ние ќе останевме сами со себе, и ќе моравме да погледнеме во празнотијата на сопствените души.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа ми го претскажа од дланка пред една година стара вражалка.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не можете да бришете ако избришете ќе останете празни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
— Гледаш? Скоро целиот Централен Комитет е сега кај нас, и ќе остане неколку дена — три четири — може и повеќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па и не е толку лошо кога ќе остане зад тебе нешто за да се сеќаваш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Освен за Костадина и за Бошета, за сите другите тој ќе остане тајна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но тоа е стара прикаска, јас откако одлежав затвор, им се вратив на книгите, кои ми преостанаа и оттогаш не престанав да ја множам библиотеката со книги, можеби како реванш на судбината сега кај нас настапија други времиња, други обичаи, но судбината на книгата секогаш ќе остане неизвесна...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тоа долго надмудрување ќе ги сослушам па дури и ќе ги прифатам сите нејзини непотполни дури и нејасни причини и притоа ќе останам мирен но отсутен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И како што се намалуваа катовите симнувајќи се надолу, така во неа растеше стравот дека на крајот ќе остане на улица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И друго: да не го прета огнот во ѓувечот за да тлеит огнот, оти од тоа иди сиромаштија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И тоа е она што социологијата, без оглед на тоа што ќе остане од неа, пак ќе го прави.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
По смртта на сликарот Столпник, во неговата куќа луѓето ја најдоа последната негова слика: неколку муренкови стебла излезени заедно од земјата од еден ист корен, од едно исто 'ртиште и плодиште; додека излегувале од земјта, си давале сила едно на друго, си помагале, а потоа секое на својата судбина се препуштало: едното: напинајќи и грабајќи ја лакомо височината, се истенчило, се искривило, како змија фатена за опашка; гранките му откажале во овој тежок напор да го следат, и тоа, полека, болно, се превиткува надолу и тоне со главата кон земјата; под вратот има заглавено висока потпирачка со чатал што не му дава да се скрши и струполи на земјата; но сето тоа е така болно и тажно штом тоа самото не може без потпирачка да се додржи; другото: робувајќи им уште од излегувањето од земјата на многуте фиданки што лакомо наудриле од него како човек со многу пород, и грижејќи се за нив да порастат, да се здебелат и рашират, постепено станало нивна жртва; тие, не мислејќи на него, се туркаат меѓу себе, грабаат од просторот, се надвишуваат меѓу себе, не водејќи сметка дека еден ден од тежина или од силен ветар, ќе се струполат заедно со тоа мајчинско стебло што им дало живот и повеќе никогаш не ќе кренат глава: ќе умираат постепено и ќе се сушат на урнатиот стеблак; трето: или по сој или така му бил благословот: кога му дошло време за плодење како господ да му се распашал: преполно е и се крши од плодови; капи благ сок од муренките како на доилка кога ќе ѝ надојде млекото; пониските гранки од тежина се спуштаат до земјата и се потпираат да си го намалат бремето; четврто: уште од раѓањето анемично - и до крајот на животот анемично; што можеле другите да му помогнат, му помогнале долу под земјата во времето на 'ртењето и пуштањето на корења; а згора: секое со својата среќа и судбина живее, како птиците кога ќе пркнат и ќе го напуштат седелото; околу него има мала оградичка од штички што го штити да не се чеша стоката од него или да го гризе; кога еден ден ќе се исуши, ќе остане така заградено со штичките како споменик: ако од него избијат нови фиданки, тоа ќе бидат посмртчиња кои одново ќе започнат борба за живот; петто: препуштено е на судбината и на бога: здраво-прездраво е родено, пркнато над земјата, а веќе едната половина му се суши; стои како човек парализиран на кого само едната половина му е подвижна; прави напор да расте и да ја влече со себе и другата половина што му стои како мртовец врзан за плеќи; најтешко му било првите години додека свикнало на тој напор и на тоа проклетство а сега просто ѝ е препуштено на судбината; она шестото, седмото, осмото, што откако излегле од земјата, помислиле дека сè можат и сè е нивно, живеат двоен живот; двојна среќа имаат: на едни сè им е едно во кој правец ќе се развиваат: нагоре, надолу или настрана; не размислуваат ни како да ја оформат својата крошна за подобро да се заштитат од ветриштата и снеговите; не се грижат и не размислуваат дали некој пред смртта ќе им стави потпирачка под мишките или вратот за да не се струполат притиснати од својата негрижа, или дали по својата смрт ќе остават потомство; се шират и живеат како што милуваат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Татко ми ќе пресвисне од болка, а пак жена ми, мојата домаќинка, бидејќи нејќе да се турчи, ќе остане сама за нигде никаде, вели пашо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во дружбата останаа уште почитатели што ќе го викаат Фантома и ќе остануваат зачудени со неговата силна способност да доживува љубов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Трпев достоинствено. Величествено. Неповторливо. Ќе останев на нозе и под вулканска лава.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ЛУКОВ: (Откако ќе остане насамо со Христов, го гледа со надмоќна, цинична, насмевка.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Само еден, некој Јаков Иконописец што ќе останел да го надгледува довршувањето на водениците, движен од исконско пијанство во себе, можеби со заткарпатска медовина во крвта, без причини се обидувал да запее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А никој од неговите домашни не веруваше дека ќе остане жив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Не беше лош со нас, - рече Доди. – Засега ќе остане врзан.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Збогум, дечиња, што не можев да ве родам, братчиња што не стигнав да му ги подарам на синот единец, вие ќе ми правите друштво во оваа темнина која ќе ми служи место гроб и каде што простум, и без сон, ќе останам до Судниот ден.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гледај, прави, да не се фати жената, оти покрај неа и тој пес ќе остане!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако посееш царевка, ќе се спржи, што ќе остане, чавки ќе го исколваат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- А? Зашто? Стој! Кој си ти? - Миличок, па ние сме маскирани! - со женски глас одговара војничето и толпата, заедно со подофицерот, се валка од смеа...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мижуркам со очите затоа што не сакам да бидам неразумна и муабетот е пак за неговиот нос, дали ќе остане совршен, додека се обидувам срдечно да се смеам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кракатау: А јас сум Ајван.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој требаше допрва на себе да сети дека вистинската љубов гони кон дело, и лага е дека е вистинска онаа љубов што ќе остане за сите скриена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Спокојно си мислев: ете имам уште четири години, ете уште три, ете уште година и половина, а кога ќе остане уште половина година - макар и да пукнеме, но ќе отпатуваме...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Така ќе остане мала, но величевствена тајна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не, тој ќе остане овде. Овде му е сосема добро.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се шепотеше дека ќе ги носат во посебни собирни центри за нивни сонародници, кајшто ќе останат сѐ до крајот на војната, но и тоа дека ќе ги однесат на пат без враќање.  Откако фатија да се шират тие гласини, Рашела одново почна да спие дома, кај нејзините.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Најмногу ми се бендиса една црвена роза и под неа текстот: -Не барај од животот со многу рози да ти ја постеле патеката; ќе остане многу трње откако розите ќе овенат...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Недопрена до усните, полна ќе остане чашата со вино, наполу подигната ќе остане раката на мајката подигната за молитва...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Библиски потоп“, рече старчето. „Ќе остане само она што е во Нојовиот ковчег.“ Стануваше здодевно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Според тоа многу малку од неговиот нервен систем ќе остане неизменет, и јасно е сега дека приказната за поделената личност ќе биде тука интуитивно најплаузибилна.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
До почетокот на времето, Словото беше во Бога; во почетокот на времето Словото го создаде светот, среде времето, Словото се оваплоти заради спасението ваше, а на крајот од времето – оваплотеното слово, Богочовекот Исус Христос ќе ви суди за делата и неделата ваши и ќе остане, како и до создавањето на светот – вечност.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А сега домарот пред него гласно размислуваше дали гостинот што слика ќе остане две - три недели, или цел месец па и два, и како да си помине тој, па и домарот покрај него, само со манастирски грав, еднаш во седмицата зелник од селото, па и некое јагне ако се згоди празник, да не ги сметаме тука: домашниот леб што го месеше и го печеше невестата во селото двапати неделно, биеното сирење на маша над мангал, низите суви пиперки и солени циронки, како и бинлаците вино и ракија дарувани на манастирот од останати верници, за светците не за грешниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сета драма во владеењето со судбината на палестинскиот народ, да му даде своја држава, во идните години ќе растргнува токму во опцијата да се создаде мултиетничка и мултиконфесионална и демократска Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа место не ќе останеше празно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Среде во градот имаше мермерна чешма.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Напред, се клештев, кон таа постела во која ќе остане печат на една љубов - дамка крв, стопен црвен восок. Таинствено се клештев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ветуваше дека ќе остане докрај верен на своето мирољубие, до своето конечно враќање и владеење во Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Напред, се клештев, кон таа постела во која ќе остане печат за една љубов - дамка крв, стопен црвен восок. Таинствено се клештев.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нашето заврши на Балканот, сојузниците однесоа победа на бојното поле, но не исчезнаа и нашето духовно присуство, поврзаноста со луѓето, тоа ќе остане секогаш живо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше натаму зошто тој што не ќе го прескочи Светото дрво Ќе остане на спротивната страна од сонцето Како писмо издлабено во камен и така заборавено.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
На Иван му ветив дека лично ќе се заземам околу префрлувањето на пензијата на мајка му на негово име, а му ветив исто така дека ќе се распрашам под кои услови може да добие и стипендија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали вагата е покрај Меланхолијата само затоа што е потребно премерувањето на тежината кога се гради, или е таа и симбол на постојаното вагање, постојаното премерување, постојаното колебање?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Само една вечер ли ќе останете?“ го праша таа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И комунизмот е како рајот, вели, со што ќе влезеш со тоа и ќе останеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога виде Мил дека Богуле ќе остане левучар, реши со вежбање да му ја разработи десната рака: му ја врза левата рака да не може да фаќа ништо со неа, а го тераше сѐ да чини со десната.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Ќе останеме, ќе останеме! - неколкупати повтори инженер Александар, со чувство на виновност дека само пред половина час предложи да ја напуштат планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- За еден час, само коските од јагнето ќе останат. Сѐ друго ќе биде исчистено! - го успокои Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе останат букви како лего коцкички за конструирање фрази.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
„Тоа е неправда,“ се бунеше Августина. „Неправда.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Водата секогаш била и ќе остане голем исцелител.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И да умре Нешка — имотот ќе остане на Толета, та затоа Митра веќе дигна раце од овој план Се изнамагариса сама што ѝ дојде в уста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гемиџиите, што се наоѓале во Велес, очекувале дека ќе остане извесна количина динамит, за да можат и тие да направат нешто во Велес и во Скопје, но попусто.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Не ви личи таквото однесување, комшија - ми се обраќаше гласот подбивно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе остане болната „празнина во која до пред миг лежеше срцето мое“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Му читаш во растреперените раце дека не е подготвен да си го покаже навежбаниот задник, на кој е посебно горд, но само во панталони затегнати со дупла игла на ременот и, како син на мама, која исто ги воспитувала и него и дада му, демек „прво само до пола“, строго се држи до лекцијата, а мота низ главата зборови со кои истовремено ќе остане „мачо мен“ (а ќе одигра како путе на пубертетлика, која час не сака, час умира од желба да направи нешто недозволено), за да има што да раскаже по пет испиени пива, и тоа фури по петтото, како неверојатно си прошол и како усреќил некоја, која, секако, во приказната ќе биде барем десет години помлада и барем десет сантиметри повисока и десет килограми полесна, со „страва“ тело и гради и, што им е исто така важно, „многу паметна девојка" и, во приказната за безобразно добриот секс ќе изостави дека таа, всушност, си заминала!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кој беше Јасер Арафат? Тој веќе беше во историјата без да го подготвувал педантно, методично и фанатично своето место во неа како неговиот друг соборец од Картагина, раизот Хабиб Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Алчниот не треба многу да го наговараш да го грабне туѓото; остави ја гасеницата да ја води гладот по зелениот лист па ќе видиш што ќе остане од него!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Рекле така ќе биде и секој ако не му се свиде Може друга улога да избере на овој терен Што не значи дека друг гајле ќе му бере Ниту дека ќе остане до крај верен На својата кауза, ако си земе пауза.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Со усните прилежни за испуштање на душата а не за бакнување ја бакнав таа засушена крвава трага.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со снегот го снемало, фатил џенем или се присокрил негде за нови злосторства.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ова е сѐ што ќе остане од мене,“ рече Рајнер собирајќи ги портретите, „а и тоа еден ден ќе се претвори во прав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А мажот вели: - Ти за тоа не грижи се. Таму е братучедот Орде. Во анот негов ќе остане.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа го задржуваше да не оди, да остане овде да работи, но фирмата му рече дека градилиштето се сели во Брно и дека таму ќе остане додека заврши работата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бојан само можеше да претпоставува, а вистината, знаеше, ќе остане непозната засекогаш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
МАРКО КРАЛЕ ГО ГРАДИ ИСАРОТ ВО ШТИП Имам слушнато од луѓе да Кралевиќ Марко го градел Исарот, а имал сестра Марија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бегај одовде и не здодевај ми веќе. Овде сум родена, овде ќе останам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така, ќе имаме син кој ќе се вика Иван Ташин“ си велев и мислев на мојот син, кој беше веќе многу многу наближил и секој момент требаше да се појави, да заграби од воздухот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По стотина чекори, сега на албанска територија, им се придружи офицер на албанската војска, кој им рече на грчки: - Другар генерал, џипот чека. Коњите ќе останат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да му го плати на чизмарот стариот долг за ставање нови главички кон старите голеници, па требаше да се нарачаат кај шивачката три нови кошули, па едно две рала долни алишта, кои е непристојно да се спомнуваат во печатен текст,  со еден збор, сите пари мораа да бидат потрошени докрај; и кога директорот би бил толку милосрден, па наместо четириесетте рубли награда да определи четириесет и пет или педесет, и тогаш ќе остане само дребулија, која во шинелскиот капитал ќе биде само капка в море.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ич не ме чекај, ич не ме пекај Белград е ламња, во Белград ја роб, снага по туѓи палати оставам, снага во усти несити клавам, и дома - дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја галам снагата твоја - далеку негде сувата рака по тебе, Вело, пустата мака пуста ќе остане...
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Повеќе да не учи, ќе остане дома да ја поиспече трговијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Излезена од саќето на муграта, или од пламенот на лозовите прачки: Најпрвин мирисот нејзин ќе осамне како слутење, дури потоа ќе те обвитка во проѕирна коприна облакот, а сетне засекогаш со тебе ќе остане пепелта на нејзиниот отсутен допир.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кажува,вели, голем град, многу народ, пу планините не се загубив, ама овде апансас пак ќе останеше вдовица! и гласно се закикоти.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Беше свесен, по с што му се случи во животот, по сѐ што доживеа на Голи Оток, занданатtа уште долго ќе остане во балканската меморија, со метаморфозите што ги носи времето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Или она многу сериозно тврдење И подоцна решениот проблем е сепак решен проблем, за разлика од оној што ќе остане засекогаш закопан во нашите намери, и тоа само поради неразумото избрзување...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од мене ќе остане само писанието изрежано на големата стена од левата страна на пештерата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мислел ли секој од нив дека секој друг потврдно ќе гласа, па неговата анатема на Филозофот ќе остане сама, во малцинство, непрепознаена кај логотетот, дека ќе сокрие дека устата му говори слаткоречива лага, а раката пишува вистина злобна?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Присуството на Едвард Кардељ на заседанието, според британските аналитичари, не било случајно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Странецот што бил во Прага ќе остане многу посиромашен, ако не ги посети Храдчани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во тој пасос бев рекла дека таквата десакрализација знае да настапи непредвидливо и молскавично и дека на следбениците на водачот дотогаш издигнат до степен на Божество, наеднаш ќе им потемни светлината на неговиот ореол и тие ќе останат бесни на себе што до вчера го обожувале.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Добро, кај водениците и во Бањи со Иван разговаравме за сешто, но овде, во градов, разговаравме најмногу за школувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еднаш една ноќ после долгото патување по разбрануваното море на љубовната авантура ја прашав Катерина, (навистина ја прашав); ѝ реков: „Ти ако беше Ева, замисли си ти ако беше онаа дамнешна пра пра убавица Ева, и ако знаеше дека она што го вложуваш во безграничната игра на нашите тела ќе биде причина да нè избркаат од Рајот, дали ќе се откажеше од играта!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овчарско куче немавме. Затоа кога ќе останев на пасиштето сам, без другарчиња, со него си се играв за да ми мине времето побргу.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Можеби и постојано ќе остане таму...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Ќе дојдат и ќе се одмаздуваат. Овие ќе отидат како што дошле, ние ќе останеме да плаќаме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шо ќе ода да служа на цело село и којзнае дали ќе извада волку пари, ќе остана да му додевам на свети Ѓорѓија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Засекогаш ќе остане празнината во твоето срце за мене а во твојата глава ќе виси ликот мој како фотографија на бел ѕид.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
— Јас не можам, вели Оливера Поточка, без прсти ќе останам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби заради мојата болежливост брат ми беше понежен кон мене отколку кон другите сестри, и пред заспивање секогаш ме бакнуваше в чело, некако скришум, бидејќи мама се потсмеваше на секој негов гест на блискост со мене, па тој нежноста кон мене ја покажуваше само тогаш кога таа беше надвор од домот – кога одеше да риба подови во домовите на богатите или пак да им помага на дедо и на татко во продавницата за ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во овие денови на одвоеност, во тие силни моменти и свети спомени барам утеха за нашата страсна, опојна, вечна љубов која ќе остане засекогаш таква.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нема никогаш ништо да се промени додека ти сакаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
КАТА: Не може кога ти велам, жетварките со кого ќе останат?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Колку такви тешки, непријатни злосторства ќе се затскријат негде, ги нема, ги нема, а потоа, наеднаш ќе се појават како од зад планина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бев многу несреќен кога сфатив оти во идниот момент ангелот ќе одлета а јас по којзнае кој пат ќе останам сам во темнината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
— Но, говедата ќе останат говеда, вели Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа Марко плаче ли плаче, ме гледа како пискам и како плачам а не знае зошто, а јас сакам да го удрам и така да го замолчам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Па да, поготовки имаше, тоа не е лесна работа...ти не се разбираш во тоа, тие се машки работи! - Колку ќе останеш?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Друг го решава тоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше наивно да се верува, по сè што ми се случуваше дека А.А. ќе остане настрана од кругот што го зацртуваше околу мене Х.Х. според постојаните директиви на Централата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И вака ќе им речете на вашите татковци: Луман арамијата ви порачува да му однесете по една златна лира секој, а татко му на јунаков што ќе остане со мене пет.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А нив да ги тепаш, без борци ќе останеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Засекогаш ќе остане во моите мисли зашто заедно ги делевме моментите на среќа и тага....
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Додека се враќавме со мајка кон нашиот дом, се сетив на оние години од раснењето, кога се имав отуѓено од Зигмунд, и кога од дома излегував само со неа – чекоревме една покрај друга до пазарот, или до продавницата на татко, и нешто во ова наше враќање дома ме потсети на тие наши прошетки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе се засмеев па сепак ќе останев само со изненадата што бавно бавно се престорува навреда.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Андон, ќе ја земеше ќерка му за снаа, но тогаш тој ќе си го дадеше и коњот и ќе останеше сам со сонливото куче што ноќе се дави во кашлица.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Геделовата теорема за некомплетноста вели дека ако се тргне од конзистентни аксиоми и ако се применуваат правилата за изведба, тогаш множеството теореми што можат да се изведат ќе биде некомплетно во смисла дека ќе останат вистинити теореми кои не се докажливи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој го стори тоа со соучесништво на цела плејада крадци кои му ја поткраднуваа продавницата, на купувачи кои планирано и постојано купуваа на вересија и на пожари што ги пеплосуваа оние стоки на татко ми, кои не беа разграбани од крадците и од купувачите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
“Ако сите се појавуваат на телевизија, кој ќе остане од другата страна за да ги гледа?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Незналко. Придавка си откако си се родил и придавка ќе останеш. Разбираш?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѓорѓија ја праша колку време ќе остане, а таа само ги крена рамениците.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- По војната, рече Гоше Љубин, ќе одам во Америка. Таму колку сакаш си можел да крадеш вели, и пак ќе остане. Така сум чул, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вечен изгнаник, со перото-меч, а книгата-штит, Дарвиш во сиот свој изминат творечки живот ќе остане најсилниот глас на трагичната судбина на својот палестински народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ииии! Ако му се плаше царот на такви како Ѓуровиот голак, таман работа. Тогај шо ќе остане на светот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
МАНОИЛ: (Ѝ го препречува патот) Стој, ти си моја жена и без моја дозвола не можеш да ја напуштиш оваа куќа. Ти тука ќе останеш!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ќе дојдете час порано и толку подоцна ќе останете.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Пред да ми ја кажеш големата одлука, ноќеска на мира просеј ги сите свои мисли и тоа што ќе остане во ситото утревечер ќе ми го кажеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе остане нешто крај тебе за да не паметува и без нас за да не може.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Даскалов си замина по првата ноќ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не лутете се, - рече таа, - некое време ќе останете без приказните за заспивање, зашто ќе морам да го пишувам романот, а потоа ќе го правам секогаш откако ќе си легнете. Време за губење немам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Додека не се појави дедо Костадин ќе останеме бркани, како една тајфа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Калуѓерите запишуваат како се викаат и колку ќе останат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Алберт и јас сме само припадници на една генерација што заминува, тој поважен, јас поневажна, вели Дени, но нашата суштина ќе остане во Clock House.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Крадците, купувачите и пожарите долго време стоеја како yид меѓу мене и татко ми и јас ќе останев неписмен да не им паднеше на моите постари сестри забавна мисла, што им нудеше нови можности: да се зафатат со моето образование.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ќе остане да ве спотнува вас, живите а со мене, напуштена, ќе се подбива ли, ќе се подбива! ____
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Потоа се спријателил со двајца смеолики терикати со маузерки и конспиративно се побратимил со нив на вино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По тој план Трајко ,ќе оди на орање, Илко пак в планина, но само со едната маска и магарето, а Стојо ќе остане дома, да ја поврзе племната оти, см тече, ем кокошките ја чепкаат сламата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едно време емисијата „Неидентификувано“ (студентско радио, сабота во 20 часот) не беше таква и поради тоа, ко некаков постхумен перформанс, ко пијана рецитација над гроб - а богами и ко одбележување на оние побизарни нешта во нашиов беден медиски простор (емисијава на крајот само ја потврди таа беда, тој недостаток на визија и концепт) - пренесуваме неколку фрагменти од подобрите времиња на таа емисија, но, рака на срце, прилично изменети со scissors-hands сензибилитетот на нашиот литературен адаптер, П. Вулкански.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ветерот повремено толку силно бие што не ги носи само зрната песок, туку отцепува парчиња и од самото Јас, па тоа Јас се чувствува немоќно, му се чини дека ветерот ќе го понесе и него заедно со песокта, ќе го згасне уште пред да бидат одвеани сите зрнца песок кои му биле доделени за до смртта, и тогаш Јас бара некое друго Јас, некои други Јас, со кои ќе се движи заедно додека околу нив беснее ветерот на времето; има потреба од тие други Јас не како поткрепа за преживување во материјата, туку како поткрепа за преживување на она најсуштественото од тоа Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Ќе се построите или не, ќе бидете казнети, ќе останете без вечера!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од нас ќе остане нашиот изопштен и притаен одливок мал како хаику, како врв мал од што е далеку - како сонце тој жив талог во којшто со време сме се претопувале грч по грч, капка по капка крводарителски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мислеше дека тогаш ќе умре таму, дека ќе ја доживее истата судбина како и Учителот, презрен од своите, исплукан од подбуцнатата толпа, дека неговото земно тело, веќе измачено од претходните патешествија, ќе остане за навек во Светиот град.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Има, има... Ќе остане и за пријателите! - уште еднаш ги покани селанецот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Е па, одредени јазли на тоа фино ткаење наречено „ментално здравје на народот“ (или полициски: „политичко- безбедносна ситуација“) испогореа во најновиве случувања и доколку брзо, паметно и мудро не пронајдеме „премостувања“, целата чипка (а факт е дека нашето општество и односите на сили во него е прилично пипаво, фино и деликатно) ни отиде по ѓаволите, ќе останеме со она фамозно романско знаме-дупка во рацете (интересен психоаналитичарски симбол за токму конституциски недостатоци), со крпи за бришење пот и превивање рани.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Само збор да кажеше, ќе останевме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И вратата по неа секогаш ќе остане отворена, секогаш кога ќе пофти, ако не ѝ чини таму, слободно нека си се врати.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Треба да види, ќе му даде ли нешто Илко или ќе остане само со она попот што го измајстори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа значи дека вистината е прилично видлива, иако, и покрај сите настојувања, ќе остане понекое прашање што нема до крај да се расветли!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се отвори од некоја своја магија и појде на две страни, кон гола цуцулка на планина и кон друг облак со позлатен раб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И дали воопшто ќе остане забележано Колку новороденчиња ждригнаа од неизмерна радост Кога првин на плоштадот Пела во Скопје А потем и на безимениот плоштад среде Галичник По цели дваесет и три века се споија две енергии Под високото покровителство на Александар Велики Македонски?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Знаеше што е бол. А ти знаеш ли што е бол? Од пламенот на неговите ноздри ќе остане само пепел.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го рече ова и се свлече на подот во Соколаната како испразнета вреќа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Велат: кому од блазибога му се уарни денес ќе остане по беспатјата ко вејка да се клати...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Дали во нејзината фантазија младоженецот беше татко ми, за нас ќе остане само претпоставка!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Повторно, студениот, неумолив и чиниш заповеднички глас на шифрантот Петар Иваз: - Другар амбасадор, дојдете брзо. Итно е!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Остана тој таму под ритчето, да му се миросаат коските, и кој знае дали ќе има некој да му запали свеќа... дали за на век ли ќе остане во мракот тој и тие покрај него?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ѓорѓија си ги поткасна долните муцки и слезе в село не прашајќи го Дамета зошто се збираат, и тоа баш во неговото село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во него се роди надеж дека срната секогаш, и без врзување ќе остане да живее во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Иван Иванович, кога времето ќе стане премногу жешко, ќе ги симне од себе палтото и облеката, ќе остане само по долната кошула и се одмара под стреата, гледа, што се случува во дворот и на улицата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ќе остане на дното ни жегата ни жедта нема да помогнат да сркнеме од секретот да се плукнеме, назад.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мојата слика во мене се мени: невидлив трубач повикува за почеток на еден крај, сега секој удар или апеж ќе остане на местото на осаменикот, ќе се наградува со чин, со медал.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Толе му кажа на Челебијата за случката со Ѓузепа и подвлече дека тој така се пазари за еден месец и така ќе работи, па од другиот месец ако им чини на обајцата, ќе остане, ако не, ќе си бара и тој чорбаџија, ќе си бараат и тие работник на неговото место.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- И? - И... не ѝ кажуваме на Елена! Се плашам ако ѝ кажеме дека твоето одење на Орелска Чука ќе остане само желба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И, како што се велело, не се живеело со инает, туку за инает, како можен стил на живеење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Косите, повеќе лилави отколку црни од јад или побелени од спомени, ѝ ѕиркале од под забратката и биле некако призалепени за скаменетото лице што не познавало насмевка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе остане на полицата во ходникот, отфрлено и заборавено. И којзнае до кога.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
ЉУБА: Еве ќе слушнеш. Ти си ништо, бескорисен човек, шуплив орев, само површно одозгора позлатен, и никогаш нема ништо да создадеш, а секогаш ќе останеш она што - си, провинциски портретист, со мечта за некаква лазурна пештера.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само ноќта ќе остане во понор од невремето маргинилизирано од заборавот на едно непостоење...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Никој за тоа нема да ја прекорува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Грдан немаше ништо против, мислејќи дека на тоа ќе остане, но таа му го побара и лицето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Напишете ја тагата, напишете ја болката на лист хартија, напишете дека сте си простиле на себе и на другите, ќе почувствувате ослободување од стегите на негативните чувства, јасност и што е најважно надеж.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Му благодарам о, Боже, на морето што ќе остане да ја следи преселбата на моите зборови низ неизвесноста.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И ќе останеа така ако за цело време не ги демнеше погледот на оној што беше пред нив.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Оти тогаш сите ќе избегаат под дрвјата и полето ќе остане само со сонцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вечно ќе остане само она што со своја рака ќе изградиш за доброто на народот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Овде ќе изгниете во гробот и ќе останат од вас шест бакарни копчиња“, продолжуваше Клиневич.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Па, не е чудо и да не може да ожени некое од децата, ќе остане за резил во векот — ерген дедо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лузна која ќе остане да се гледа и да го потсетува, никогаш повеќе да не злоупотребува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А гласот загадочно му рекол: „Надополни го просторот меѓу коските на отецот твој со месо, обнови го целосно телото на Словото, на таткото твој, и засекогаш ќе останеш во славата на царот и логотетот, прв меѓу првите ќе бидеш во царството над сите царства земни!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Исто како и другите теории неговата е исполнета со желбата да го пречисти светот на останатите, безвредни теории и да ги преобрати сите неверници во вистинската вера.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Наша е и наша ќе остане.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тоа е сè што може човек да забележи гледајќи ги стеблата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сѐ додека си жив, тоа ќе остане нерешена загатка во твојата глава.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во едно друго писмо (ова е напишано од Бугарин) вака ни пишуваат: „Едночудо празноглавци, глупаци и подлеци се зафатиле да посеат раздор меѓу јужните славјани и да им угодат на нашите заеднички непријатели; но нивните напори ќе останат јалови зашто честите и здравомислешти мажи се смеат над исторските шарлатанства на архимандритот Пелагиќ и над „ереминиот плач“ на неодамна починатото многублажено „Право“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Пуст ќе останиш, пустелнику еден, главата по туѓите стреи да ти се вала.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Несвесно продолжив да чекам кон забелот што се исправаше како од бескрајна темна лочка, чиниш крепост е што чува некоја тајна - ќе се добереш до неа и ќе си ја догледаш судбината до својот суден ден, дури и подалеку, судбината на она што си видел и што си сретнал, на она што ќе остане по тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мистеријата ќе остане додека се пишува и се чита.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Караницата со Сталин ни остави троа време и надеж дека козите ќе останат живи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Богдан сè така погледнуваше во лицето од баба му кое како да плачеше, како да ја одбиваше смртта; го лееше дождот тоа нејзино мермерно лице и Богдан држејќи ги очите на него, веруваше дека и во гробот такво ќе остане и нема да се распадне.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Немој до лошо да дојде. Согласи се! Јас и Симка се милуваме. Ете ја Симка нека ти каже...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Кој го знае јазикот на каменот знае дека Куско ќе остане големо собиралиште на молкот на поколенијата со многу исполегнати извичници и сал по некој исправен прашалник.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Дури и оние неколку тажачки, жени стари како желки и до нос во црно, секогаш готови над туѓ мртовец да ги споменат своите покојници, без допир една со друга и секоја со свои претчувства, стоела во јато, птици што чекаат ветар да ги однесе некаде во топли и богати краишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Многупати кога мислиме оти греши само еден од нас а не и другиот, всушност грешиме заедно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Спомените ќе останат ко сенки во животот. Ја побарав среќата што одамна ја сруши мракот умре заедно со зајдисонцето го прекрши идејниот занос јас сум поет не можам да чуствувам мрак.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А куќата што ќе ги чуе плачовите твои света ќе остане за нас.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ако се промени аголот на гледање од пладнето ќе остане полноќ. Ќе се добие ѕид на видикот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И ќе останеа така ако цело време не ги демнеше погледот на оној што беше пред нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А ако ми дојдеш уште еднаш... - Нема да доаѓам, ја прекинал Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби времето ќе ги излечи раните, но лузните ќе останат, мил мој, до последниот здив, те сакам, многу ми недостасуваш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Чудно и донекаде необјаснливо ќе остане што на лицето на Рибоокиот ќе има „озрачена насмевка“ и што на него ќе се гледа „големото задоволство“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ајде сега, ваќај го ти каменот под пат, јас ќе остана над пат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ВОЗДИШКИ МОЖАТ да остават траги и во напластен снег... Кога ќе се истопи - трагите ќе останат... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Александар (кон своите врсници): Другари Македонци мои, ме плаши помислата ако татко ми по толку битки ми земе сè: сите победи - што ќе остане за мене, какви дела ќе извршувам јас?
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Уф..., - рече бригадиорто Језекил. - Само дали ќе остане до утре, или да појдев да наѕрам. - Биди мирен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кај ќе го врзиш, таму ќе остане, велам, им кажувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако ние дозволиме — денес ти, утре други да се погрчуваат, тие ќе се намножат и, кога гледаш, еден ден, со помошта на правителството турско, тоа кое им оди на рака, ќе ни ја земат црквата и ќе останеме без црква.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И тогаш почнувам ново семе да фрлам пред очајот на пролетта зашто ќе остане сепак нешто на веков да се изврши над смртта дури да ѝ за 'рти в срце.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И мајка му се тресе од болка и од страв: ќе остане ли живо?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ако се фатиш да се обришеш, кожата в раце ќе си ја најдеш, на голи вилици ќе останеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Токму тој вртеше со главата велејќи дека насилството не е решение и дека мораат да научат како да се почитуваат бидејќи мораат да прифатат дека тука отсекогаш живееле заедно и дека така и ќе остане.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Да не беше Чанга, козите сигурно ќе останеа на пол пат пред градот, во првата зима во слобода.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако се остави собрано на купишта може да се разнесе од кучишта или едноставно од ветар, па зад нив ќе остане грда слика.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А објектите на Изложбата ќе останат само како спомен, што ќе може да се разгледува во архивските фотографски материјали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Тоа ќе остане тука.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Фермано, чорбаџи - му рекол на тепачот - ќе остани вечерва кај мене за да го сторам кати во големиот тевтер и да му го удрам муурот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И го измени решението. — Ќе остана“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На некое друго, можеби душевно ниво да, но и тоа ќе остане голем знак прашалник.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Само ќе остане неизвесноста: дали ова да биде со мирни и или со насилни средства.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Трпев достоинствено, Величествено, Неповторливо. Ќе останев на нозе и под вулканска лава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со тоа, горе посочените тврдења и стравувања на Митревски дека ќе остане без работа, се потврдуваат во целост...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Истите зборови на обврзување, ветување, поучување, насочување кои ги повторуваше и тој, за да потврди дека навистина, и во добро и во зло, и во болест и во здравје, ќе остане со жената која тогаш ја донесе во оваа иста катедрала.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Еретичната мисла ќе остане неказнета, неотповиклива, надвор од нивниот дофат засекогаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И да се вратиш, и таму ќе те очекува мисија, како што може да се случи и да останеш во Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- странските негативци (читај: терористи) се Руси и други екстремни Словени, по некој Германец, Арапин и жолторас, а домашните се поединечни психопати, оптоварени од трауматичното детство; - двојниците на странските политичари – Горбачов со бемка на челото, Садам Хусеин, папата или Далај Лама се омилени епизодисти во пародиите и комедиите; - на крајот од филмот, странскиот криминалец експлодира со стариот дворец (странски), храмот (странски, древен) итн.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Вие, - рече учителот кревајќи ги очите од списокот, - ќе останете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ни за миг, дури и во судбоносно време на измамени луѓе, призраци со крв по чие истекување ќе остане кожурец на ненужно вчерашно суштество, воени кулки и смешни караѓози на таргедијата, омрззта чиниш не ќе стивне. некакви невидливи инсекти ретки и оловни, летаат над нив од две страни и создаваат уште поголема душевна бркотница.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа, мислам дека тоа засега ќе остане во приватната фиока.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Британските експерти не можеле да не го прокоментираат присуството на Едвард Кардељ на заседанието.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Целото мое суштество се свиваше од таа измама, јас ковев страшна одмазда, но знаев дека таа ќе остане само во мене. Бев слаб.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Мене ќе ме обесите“, му викна тој на претседателот на судот Груица, „ама оној, главниот, ќе остане и по мене за да ви ги мати работите. Нема да куртулите од него“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога ќе останев сам, најчесто ја земав големата школка, сиот се вовлекував во неа, исчезнував во нејзиниот темен простор, за да слушам, да наслушувам, да патувам, да одгатнувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За човечките суштества Јас е секогаш Јас, и Јас не може да биде Ти, и Ти не може да биде Јас; и ветерот секогаш ќе биде нешто друго, иако ќе минува покрај мене, иако понекогаш, заради неговата силина, ќе ми се чини дека ми се вовира во коските, ветерот ќе остане ветер, а Јас ќе бидам Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Романците, Грците и Турците го сметаат за свој, а тој до крајот на животот ќе остане верен на своето албанство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе бидеме овде, јас свиен во твојот скут, во овој жолтозелен простор кон кој води еден единствен, тесен пат, како што е впрочем секогаш речиси правило, тесен пат да води кон широкото и пространото; ќе останеме овде под сината вселена по која една голема жолта месечина плови како залутана лаѓа во пустина, со изветвено знаме што се вее, како што некогаш бев ти зборувал, без бои веќе и без припадност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа било и ќе остане неопходен дел на нашата култура, а истото важи и за писменоста.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од ужас и возбуда вселената вреснала: “Барајте помош од старо и младо, Без небесен фенер Ќе остане градот .
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ни рекоа дека таму, во државите, ќе останете само неколку денови, додека не биде истеран непријателот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ме повлече некоја невидлива сила во играта, некоја таинствена плетка од случајности, некоја самоизмама која за секогаш за мене ќе остане тајна, но ме повлече и ме задави и некој див нагон, нешто ѕверско што секој од нас го носи длабоко во себе, некоја алчност, незаситност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Засекогаш ќе остане непартиец.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се чинеше дека и тој ден ќе се разлета на сите страни, а на негово место ќе остане само врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе ми ги одземе главата и мозокот и ќе го исполни секое око и секој заб и сите свиоци во умот, сета коса, секој набор на ушните школки и тогаш ништо веќе не ќе остане од мене.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Затоа што рековме: нимфоманките ќе останат заклучени во нивните соби за време на карневалот,“ рече доктор Фројд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И кога, еден ден, ќе исчезнат границите, а тие сигурно ќе исчезнат, веруваше Татко, ќе останат уште долго како линии на кои се пластел и ќе се одржува стравот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бев сигурен: оваа девојка ќе остане со мене до смрт, со мене. - А таа почина?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе побелиш во косата, ќе останеш почетник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
* Во ложата седи убава госпоѓа; тешко е да се определат нејзините години, но таа е млада и уште долго ќе остане млада... Таа е раскошно облечена.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со својата остра сабја ги расечувал огромните карпи с¯ додека од една не бликнала вода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не учи се да им го вртиш газот, му велам, оти без газ ќе останеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Секако“, вели тој, „јас и така не доаѓам со вас, ќе останам кај Роза“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Онаа вечер кога Иван зборуваше дека кај мене, покрај рекава, било попријатно, всушност веќе бевме сами.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секако, позитивен чекор кој е за поздравување е дополнителниот Амандман XL со кој се пропишува дека начинот и постапката пред Уставниот суд ќе се уредат со посебен Закон за Уставниот суд кој ќе го замени досегашниот чл. 113, а секако тоа ќе значи дека и постапувањето по уставната тужба ќе биде подведено под новата легислатива,150 додека пак Деловникот ќе остане да ги регулира техничките аспекти за внатрешното организирање и функционирање на Уставниот суд. 149
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Којзнае до кога ќе останев во позата на ѕиркач ако не ме сепнеше некој груб непознат глас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најпосле се јави и Толе, којшто со внимание ја слушаше препирката: — Оставете и кавгите, џанум, токо гледајте, правете планот и како ќе се извлечкаме одутре одовде, оти Бахтијар може да нѐ намириса, та се пусти гаќи ќе останат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Црните луѓе, некој по кожа некој по душа се необични, поинакви од сивите, а сивите се само сиви и секогаш ќе останат такви.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Таа ноќ била последна страница на историјата во Лесново, секако за дружината но не и за пештерците и за нивните жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мојата поезија можеби ги ублажува пресилните удари од историјата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Постои континуитет, но и дисконтинуитет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Да беше барем малку пофин, барем малку посовесен, можеби ќе останев. Инаку, зошто би бегала.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Пред да н помилуваат, ѓаволите од занданата на островот н предупредуваа дека кога ќе бидеме на слобода, ние нема конечно да излеземе од занданата, таа ќе остане во нас.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Си мислев: „Што ли се случува сега во салата за операции“, „Ќе остане ли жив? Да не се искомплицираат работите?“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Бледа трага, побледа и од старечко постоење, ќе остане да стои и откако мене ќе ме нема, а потоа и таа трага ќе исчезне, заедно со ѕидот, заедно со мојот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не, овој балкон на најдобрата цвеќарка ќе остане истиот да цвета, да пее од убост, да се кити, со прастари Македонски песни, приказни, преданија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кога од јаболкото ќе останеа само нејадливите делови, брат ми ги ставаше усните на моето чело, за да ја провери температурата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помисли си, ти еден ден ќе скипнеш, а селото ќе остане без свешченик.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На пример, според „ Тајмс“ од седумнаесетти март произлегуваше дека Големиот Брат, во својот говор од претходниот ден, претскажал дека фронтот во Јужна Индија ќе остане мирен, но дека наскоро ќе почне евразиска офанзива во Северна Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се престорува ова небо камен И скриени во него ќе останат очите што сонуваа да го надвишиш!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
За тоа врз каква бездна ќе остане да виси ќе види откако ќе се фати за таа јажена скала, за која не знаеше ни од каде слегува ни каде се качува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Поради својата географска положба, Албанија, ма­кар најчесто изолирана, ќе остане на крстопатот на империите и цивилизациите, пишуваше Татко во прологот на својата Историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Овој ден ќе остани незаборавен и за мене, љубена моја Томаице.“ рече Петар држејќи ја околу струкот чврсто.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Гол, секако бил штрклест, танконог и со ковчести бранчиња на градите, во тешката облека можел да биде само голема и долгнавеста бовча на која некој заборавил загрижена глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Половината земја да си ја задржи за себе, девојчето — снаа за сина му, а кога ќе порасне машкото да му ја стори теслим другата половина, што ќе остане, се разбира.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откако помисли малку, рамнодушно сви раменици: – Добро оди си ... – А ти ќе останеш ли? – Јас ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сé додека во системот се додава енергија - односно, сé додека се испуштаат зрнца песок - системот ќе остане во критичната состојба а неговата динамика нема да се стабилизира.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Откако Фаик Коница влезе во нивниот разговор, и Татко и Камилски поверуваа дека тој долго ќе остане во него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше омажена за еден салонски магионичар, со кого што требаше да се сретне тој ден по посетата на роднините во Сарагоса.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа ли кој прв сопствениот живот ќе го претвори во пепел, јуришајќи на бункерот и ќе остане таму?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа - што? Нивнава куќа ќе остане празна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаеше уште толку дека многу од сето тоа не сфаќа и мислеше, се може да се сфати само еднаш, во оној миг кога ќе престане да се сфаќа, кога ќе се заколне змеата, еднаш кога времето ќе се замрзне на својот пат и ќе остане скаменето како споменик на човековото несфаќање.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На друг му претскажа оти по неколку години ќе му никнат златни пердуви како на паун и тој ќе се чувствува како паун, но дека еден ден пердувите ќе му паднат и оти тој ќе остане како голуждрово пиле.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но, таквите работи тешко се избегнуваат низ животот, зарем не?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еве, и пред тебе ќе ги повторам сите поединости од моето однесување во врска со настанов, и тоа по редоследот на случувањата! А ти, ислушај па пресуди...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Добро, да речеме дека повеќе се плашам одошто ги мразам, но тоа е така, и ќе остане така.“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако е животот казан, во кој по грешка ќе посакаш да направиш нешто ново, да измешаш нешто неиспробано, едното ќе се свари побрзо, другото ќе остане жилаво.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)