За душата уште се зборуваше во нашето бегалско семејство, а тоа често се случуваше, кога денот ќе осамнеше со абер од другата страна на границата, кој најчесто, ако не и секогаш, во тоа клето време на сталинизмот значеше исчезнување на близок.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но ќе осамне денот - го засилува гласот - Денот на нашата одмазда! Храбро ќе ги дигнеме нашите чела!
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ако останеше, другиот ден ќе осамнеше на друг пат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Знам повторно ќе осамне. Зорите се Утре. Иако е самрак сега. Зорите се Утре!
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Тие се уверени оти на крајот на патот ќе осамне она што треба да се случи бидејќи во прашање е раѓањето на Спасителот и на надежта.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Понекогаш многу многу ретко на пустово место ќе осамне еден старец одамна изнемоштен.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Излезена од саќето на муграта, или од пламенот на лозовите прачки: Најпрвин мирисот нејзин ќе осамне како слутење, дури потоа ќе те обвитка во проѕирна коприна облакот, а сетне засекогаш со тебе ќе остане пепелта на нејзиниот отсутен допир.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Има градови што излегле од пејсажот А кога ќе осамнат стојат на брегот зачудени.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Велат дека таму, во сепарињата на таа кафеана, се плетела и се расплетувала темната страна на нашиот живот, а тоа беше животот на многумина злосторници, кои наеднаш ќе осамнеа како убијци, како учесници во злостори, како уценувачи на видни граѓани кои на некои други видни граѓани не им се допаѓале.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Остави, Љуба! И утре ќе осамне! помирувачки инсистираше татко ми.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)