Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
65 „Некаде во ноќта за нас, а како што ноќта ќе одминува, мислам, натаму по светот, така ќе оди.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ќе одминува времето, ќе одминуваме, ќе бидеме сè поблагородни, сè повозвишени: во висока возбуда човек посакува да не биде барем невидлив, да биде барем стракче меѓу илјадниците коренчиња: зашто недостижно е да се биде стебло засадено покрај извори...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)