Останував со впечаток дека таа се плаши оти сакам да ја вратам во некој сокак од кој веќе беше излегла.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но нѐ чудеше кога тој ќе одмавнеше со рака и сосем млако ќе речеше дека овие биле сосем мали возови, наречувајќи ги желчиња и чајничиња, зашто по другите градови имало уште многу, многу поголеми возови, кои тој на млади години ги терал...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Кога ќе ѝ ги спомнев на Таша приказниве што ги имав слушнато за војникот и белиот коњ таа ниту ќе потврдеше, ниту ќе одречеше. Само очите ќе ѝ потемнеа. Ќе одмавнеше и со раката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А ако го прашав случајно, дали има нешто ново, ќе одмавнеше неодредено со раката, а што очекуваше ти да се случи, и се чинеше навистина изненаден од вака поставеното прашање.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)