Ќе се разделиме. Ќе одлетам од тебе како младо пиле од гнездо.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
И велам: Еве го Ангелот Се качува на коњот Ќе одлета без мене Ќе одлета без себе Додека Сам Самувам Во самица.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа го догледа детето на прозорецот и Мишко помисли дека сега ќе се исплаши и ќе одлета, но врапчето остана.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Бев многу несреќен кога сфатив оти во идниот момент ангелот ќе одлета а јас по којзнае кој пат ќе останам сам во темнината.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Само напати ќе дувне некое ветерче ќе одлета некоја чавка, ќе испишти некоја сојка и ќе ги истресе капките од голите гранки на дрвото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сосе топчето, понекогаш и небото молчешкум се оддалечува од нас, а се помалубројни се оние кои уште се занесуваат дека сосе топчето, кога-тогаш, ќе одлетаат дури до дома, да си ја преповторат приказната за Силјан Штркот.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)