Да те најдам, изгубен мој
да завиваш од радост
да немеам од чудо.
од што ќе одекне мојот молк
планините да се огласат
ем да ечат, ем да квичат
да не би да се откажеме од нив!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Овој збор ќе опстане во балканските јазици како архаизам, но тој долго ќе одекнува во народното творештво кај балканските народи, ќе се задржи во колективната меморија како синтагма темна зандана, како претсобје на смртта, како пекол, како балкански гулаг...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Па и да бев говедо затоа што ѝ ја затнав шолјата, зар сум дебел?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ама овојпат, иако тој не го забораваше оној стар ферман, со оловен печат, дојден од султанот до дедо му славниот Исхак-бег кога овој стана заповедник на Скопје, пишуван со рака и во футрола од ѓон, а во кој султанот умно ги опоменуваше своите намесници да не се перчат многу и да не се подаваат на суетата, зашто да бидеш господар на еден народ е исто што и да седиш на терезија со два таса, тој сепак не ја менуваше одлуката: првин затоа што потурчувањето на ибн Пајко ќе одекнеше силно меѓу колебливата раја, а второ, затоа што и самиот султан, покрај сите совети, даваше и уште еден, кој сега многу му одговараше на Мехмед-паша: „Својата сабја сепак секогаш држи ја остра!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сите беа нестрпливи да ја чујат камбаната како ќе одекне, а што се однесува до нас децата, или до тоа како се чуствував јас, просто немам зборови.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Немоќта Европа да им се спротивстави на османските војски, дури и да го прифати победничкиот повик на Скендербег, да го охрабри, да му помогне во критичните и пресудни моменти, долго време ќе одекнува трагично во свеста на повеќе генерации, ќе ги разбранува европските духови, ќе предизвика сомнение во немоќта да се бранат достојно вредностите на европската цивилизација.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Смешноста што се сврзува со недостоинствената женствена болка во општеството на машката повластеност особено ќе одекнеше во искуството на геј-мажите во текот на првите петнаесет години од кризата со сидата, од 1981 до 1996 година, пред воведувањето на антиретровирусната терапија, кога сидата неминовно беше смртоносна состојба и кога стрејт-општеството редовно ја отфрлаше стварноста на страдањето на геј-мажите, ускратувајќи им го сочувството што намуртено им го даваше на „невините жртви“ на епидемијата.192 Во тој контекст, смеата со која машката геј-култура ја дочека сопствената ужасна и трагична состојба изразуваше, како што правела многупати, истовремена идентификација со вредностите и гледиштата и на повластеното и на абјектното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
По последниот разговор, во собата одново завладеа непријатната тишина, но овојпат морав некако да ја нарушам поради тоа што ако ништо друго, ќе одекнеше уште посилно бунењето на моите црева, па се поднасмеав и истакнав дека навистина тетка Олга е најчистата жена што ја познавам и дека заслужува сигурно и оваа година да победи, а и дека оваа супа што ја гледам пред мене е веројатно највкусната супа на светот и свечено ја наполнив лажицата, ставајќи огромно парче бело месо во устата потопено во ориз и во солена вода.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)