Во одговорот, Артур Едмондс член на британска воена мисија во делот на Македонија под Грција, на 13 март 1944 година во својата радиограма ќе објасни дека кратенката е “словенско име и за ЕАМ и ЕЛАС заедно или одделно во Вичо“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Иако вистинскиот облик на „логика” на компјутерскиот хардвер всушност нема подлабоко значење (како што подолу ќе објасниме), таа е, во секој случај, обично карактеризирана со инклузивна наместо со ексклузивна дисјункција.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Реков за што станува збор, дека не е голем проблем, дека за час може да се реши, но тие едноставно ме собраа, рекоа дека таму ќе објаснам, ме одведоа во квартниот оддел на полицијата, ме ставија во едно тесна просторија зад решетки и ме заборавија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ќе објаснам. ЈНА собра сѐ, од оружје до паркет на АРМ, која што тогаш беше во повој.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Главната финта беше да се одговори на длабокото егзистенцијално прашање - што сакаше писателот да каже? Набрзина ќе објаснам.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Ако не сум разбирлив ( нема причина да не сум разбирлив), ќе објаснам зошто ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Како се пренесува и како се стекнува геј-културата, не само во возрасната доба, туку и во детството?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како е возможно процесот на социјализација во културната практика на хомосексуалноста да започне долго пред да созреат субјектите на акултурацијата доволно за да стапат во машките геј-заедници и да учествуваат во општествените размени на машкиот геј-живот?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или, поконкретно, како учат геј- и протогеј- децата да се впуштаат во толку канонски машки геј- културни практики – како тоа толку течно го проговоруваат јазикот на машката геј-култура, небаре им е мајчин – на толку кревка возраст, а да не ги одгледувале уште од колепка геј- мажи?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Што ќе објасни како протогеј-субјектите се здобиваат со геј-култура речиси како да им е мајчин јазик, како да им е навистина домородна култура?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не, се работи за понеопределива, но сепак многу конкретна, димензија на педерството: што и да е баш она што ќе објасни зошто толку многу контратенори се геј.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако не сум разбиралив (нема причини да не сум разбирлив), ќе објаснам зошто...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Не истрчувај наеднаш со прашање. Ќе објаснам.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Како? - не издржа Васе од љубопитност. - Ќе објаснам... - рече Коле.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)