Јас немав време да ја почувствувам во моментот сета гордост од ова признание - таа ќе настапи попосле - зашто брзав, и не мислејќи да исфрлам како без душа: „Господине, уште не дојде мајсторот за чевлите”.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Попрво, кога ќе настапат општите општествени E. Gellner, Nations and услови за стандардизирани, хомогени и централно поддржани Nationalisam, London високи култури, коишто не ги проникнуваат само елитните and Ithaca, Cornell UP, малцинства туку целокупни народи, настанува ситуација во 1983, стр. 55 која сосема одредени, образовно санкционирани и обединети култури одблиску го конституираат оној тип на единечност со којшто луѓето доброволно и често мошне жустро се поистоветуваат.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Кога ќе настапи зимата, китените сватови да можат да се загреат и да се поткрепат со црвено вино...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тогаш сите национални и религиозни пропаганди, коишто го цепеа народот на разни групи, непријателски една кон друга, ќе се отстранат и ќе настапи мир за народот, за Македонија, за Турција и за Европа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По борбата на бојното поле ќе настапи време да се бориме на културна почва, и во тоа време, наместо да имаме можност да ги ползуваме плодовите од пролеаната крв и да напредуваме културно, ние и тогаш, како и сега, ќе треба на наша штета да ги помагаме ту српските, ту грчките, ту бугарските интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не ни покажува ли тоа оти малите држави, па и секоја една земја, со гонењето општонародни цели гонат не хумани цели, ослободувањето на поробените, ами чисто материјални и егоистички цели, т.е. зголемувањето нивно за свој интерес, без да се гледа дали ќе настапи подобрување во судбината на Македонија или не.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Морав мигум да разјаснам: - Според библиските, куранските и талмудските пророштва во делот за Апокалипсата е запишано дека ќе настапат времиња на големите промени, ќе дојде до апсолутен пресврт кога „последните ќе бидат први, а првите последни“.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
За шест минути ќе настапи полноќ. ќе дојде нова бројна вредност на листата освоени години, па векови, па милениуми.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
На малското радио (тогаш беше само едно) ќе настапеше некој првоборец кој што евоцираше спомени од НОБ и Социјалистичката револуција.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Беа сосема збунети: не очекуваа дека така ќе настапам, без ронка страв, супериорно; ги фаќаше, поради тоа, некој гнев, оти настануваше најстрашната ситуација за една власт: испитуваниот да се не плаши од нив.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Челичниот чекор на војната сигурно ќе настапи и кон ова гнездо.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беа двајцата многу близу до замислената среќа што уште малку ќе настапи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тебе те чека среќа, човеку, среќа и слава, така ти зборува хороскопот, но не можам да ти кажам кога тоа ќе настапи. Добро, добро, испробај ја судбината.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Појдов кон куќата и, замислен како ќе настапам, не помислив дека Симон може да има куче.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Другата доминантна тема–идеја во романот, која произлегува од претходната, е, всушност, самиот феномен на козите што се наложува и од еден антрополошки аспект при што авторот, натаму, низ својата сугестивна моќ, а никогаш експлицитно, и соочува со релацијата на човечките законитости кон светот на реалниот живот, што значи дека без кози, ќе нема млеко, ќе има недостиг на храна, ќе настапи глад итн.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Учителот ќе најавеше кои деца ќе настапат а потоа повторно хорот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И таа почна: Сираче!… но без смисла и жар, брзаше весело. – Ајде сега ти Милице, ми рече, а јас почнав полека да рецитирам, внимавав на точка, запирка и видов веднаш дека на учителот му се допадна, но сепак рече: Ќе видиме кој од вас двете ќе настапи.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ако самиот оштетен поднесе кривична пријава или стави предлог за остварување на имотноправно барање во кривичната постапка ќе се смета дека со тоа ставил предлог за гонење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
6. Парничната постапка, меѓудругото, се прекинува и ко га: – странката која е правно лице ќе престане да постои, односно кога надлежниот орган правосилно ќе одлучи за забрана на работата; – ќе настапат правните последици од отворање на стечајна постапка; – тоа е определено со друг закон (чл. 200, ст.1, ал.4-5 и 8 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Предлог за гонење се поднесува до надлежниот јавен обвинител, а приватна тужба до надлежниот суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Да погодам“, реков. „Измет“. Таа воскликна. „Да! Да! Зарем тоа не е претерано?! Да јадат измет.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Имав и јас нешто за неа, една болест за која ми зборуваше мојот пријател лекар.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И погоди - кога ќе настапат тешки денови, кога земјата слабо раѓа а добитокот едвај стои - што мислиш дека јадат?“ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 157
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)