Ете, ако љубовта ја земеме како клучна работа во човековата имотна состојба, тогаш воопшто не треба да се чудиме што оние од власта кога ќе насетат дека државата нема иднина, се фаќаат за календарот на годините што поминале.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Фоте ја погледна со прекор, подготвен да ѝ одговори штом ќе насети дека алудира на него и на неговата некогашна улога во логорот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Даваше помалку млеко, непредвидливо истрчуваше од дома кога ќе насетеше дека други кози, со по некој прч, ги носат во дивиот дел од паркот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Брашното во паницата уште стоеше неначнато, но Бојан знаеше дека штом срната малку ќе се ослободи, штом ќе навикне на него и ќе насети во него пријател, штом ќе привикне на колибата, ќе побара и да јаде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)