Тука ќе дојде честељето со кафе и ракија, ќе напнат гајдите — сега две, една откај зетот што си ја водат сватовите, другата ќе ја најдат кај невестата ,и така ќе се заредат прво песни, потоа и ора, како на свадба!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И додека се води разговорот меѓу стариот сват и „командирот“ на стражата, обично стрикото или братот на невестата ако е поитар — некој од зетовата дружина ќе се префрли некако и ќе ја отвори, небаре насила, портата и овие што преговараат заедно со другите сватови што бодињаа досега, ќе напнат и небаре насила ќе влезат во дворот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Велеа луѓето: - И каменот што е камен кога ќе се прегрее, кога ќе напне - ќе пукне, а не пак човекот...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)