Шармот на невидливото ќе го опседне
и тука навистина ќе наликува на тебе;
ќе пребарува по писмата, песните, интервјуата
ќе разговара со современиците, преживеаните
ќе ги препрочитува нивните мемоари
и дневници
ќе гази по рабовите
ќе се загледува
де на лево - де на десно
одржувајќи рамнотежа
за да стигне до крајот
со непрестан зазор да не би да падне
некаде на полпат
како тебе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Решение што барем малку ќе наликува на она што веќе го спомнав немавме донесено, иако знам дека таа не ќе го одречеше ваквото мое објаснување за нашите односи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Или иднината ќе наликува на сегашноста, па нема да го слуша него: или ќе биде поинаква и неговиот ризик ќе биде бесмислен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Освен женската, која во оваа година - ќе се врати токму за 2.000 години назад, и по малку ќе наликува на таа на Римјанките.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)