ќе (чест.) - наиде (гл.)

Се разбира, ова ќе наиде на лош прием кај месната власт, решена да ја совлада белата контрареволуција...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Треба да видиме“, му велам, „дали ќе наидеме на коски или на други остатоци“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Останатите играчи ве гледаат како се појавувате како анимиран карактер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А ако продушкате наоколу ќе наидете и на останатите анимирани воини кои ќе настојуваат да ве уловат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова силно го поддржува Јунговиот став дека шизофреничарот престанува да биде шизофреничр кога ќе наиде на некој што го разбира.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Кога значи во иднина ќе наидете на некоја песна“, препорачува Готфрид Бен, „тогаш ве молам земете молив како да решавате крстозбор...“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Инаку, шо се однесуе до вишакот Кинези, имам одличен предлог кој се надевам дека ќе наиде на прифатливо решење како од Груевски така и од Ху Џинтао.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Беше сигурно, а тоа и времето го потврдуваше, дека го наследив и Татковиот занес кога ќе наидев на книга за која не ни претпоставував дека постои.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сите тие се исти, сите му припаѓаат на првиот што ќе наиде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Инаку, преку денот, кога ќе наидеа на некое побистро вирче, ќе ги проплакнеа спотнатите лица и ќе ги подржеа набабнатите жили на рацете во студената вода; но се плашеа да се напијат од неа, освен да си ги проплакнат сувите усти; не толку заради забраната што ја беше издал штабот како превентива од можни зарази, колку од пусти страв од проста дрскавица што можеше да ги врати со несвршена задача за да се скријат во шаторот посрани и посрамотени.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Понекогаш ја замислувам Америка како гигантска смукалка, машина за рециклажа, која вцицува сѐ на што ќе наиде а назад исфрла заводливи вреќи со ѓубре. Trash-от овде е подигнат на ниво на космички принцип: ѓубрето се произведува за да се конзумира, ѓубрето се фрла за да се произведува повторно. Trash-от е насекаде, trash-от е генетската шифра на човечкиот вид кого што Америка најјасно го препознала.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Она, дека е спремен со мене да подели се што ќе наиде во нашиот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Во моето сеќавање оној што замина засекогаш ќе остане Ведран, а оној, кој белки набрзо ќе наиде ќе го наречам по твоето име, Иван, а на тоа твое Иван ќе му го придодадам и моето, Таша.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели со грдо лице е славјето па и прозрачноста што ни се лелее пред очите! Ха, ха, ха!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А подоцна, кога веќе беше роден, многу често, само и да помислев: "Мој Иван е овде" - веднаш ми се причинуваше дека тоа име го слушам изговорено од некого и тоа на сет глас, иако јас молчев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И така, ќе имаме син кој ќе се вика Иван Ташин“ си велев и мислев на мојот син, кој беше веќе многу многу наближил и секој момент требаше да се појави, да заграби од воздухот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи кога спомнувам леснотија што се лелее всушност мислам на лелеењето на нашето задоволство откако ќе наиде грдата вест.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да бидеме двајцата сами во планината. Високо! Речиси покрај одаите на Господа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не се во прашање фантазии или фатаморгани!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одредени детали се толку безначајни што ќе наидат на мал или никаков интерес кај обичниот читател, а поради применетиот систем на организација на текстот, информациите за одредени настани од животот на Дишан, тешко е, ако не и невозможно, да се пронајдат доколку каталогот не се прочита во потполност (иако е од некаква помош индексот на делата). (15) Меѓу безбројните нови работи кои ги дознаваме за животот и уметноста на Дишан од Ефемеридите, најизненадувачко и најинтересно е тоа што Дишан имал ќерка за која знаел но која ја сретнал дури две години пред да умре.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Подеднакво е сигурно дека повеќето ќе ги сметаат за најконтраверзни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А бидејќи едно од барањата што нашето општество ѝ ги поставува на хомосексуалноста е да биде – ако не видлива – барем читлива, секогаш да се открива при внимателното и стручно набљудување, тогаш секој обид да се тврди дека машката сексуалност е по природа сосема необележана, да се тврди дека не создава никакви препознатливи знаци за нејзината различност, неминовно ќе наиде на скепса и на отпор.78
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Продолжи по подножјето и по десетина чекори ќе наидеш на гробиштата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нејзината осаменост и желбата да има покрај себе деца за кои ќе се грижи уште еднаш ја натерала да шета низ гробиштата, надевајќи се дека ќе наиде на некаква трага.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Една од најдобрите стратегии е таканаречената “танте за танте”: елементот на сложениот систем ќе соработува првиот пат кога ќе наиде на противник а натаму ќе ја повторува реакцијата на противникот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Над густижот се разгранува див орев, на неговите гранки и на капините наоколу скапува разна облека, машка и женска, и според везот празнична, а внатре, во густижот, во една спила, се таи, во усама, Молитвена Вода. спилата целата е исчадена и искапана со восок, а од кладенецот, место бразда, прудолу низ шумата и низ полето, спрема наслебата во Потковицата, води добро разгазено патче.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Спуштајќи се право прудолу од Чауле и рамно по средината негова, по добро натратено патче, го разгазиле овчарите и сите желници кои од Потковицата се искачуваат на врвот за оттаму да ја гледаат околната, во заветрината што ја сочинуваат јужниот и источниот лак, длабоко во шумата, човек ќе наиде на густиж од диви рози, капини и бршлан.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие не поднесуваат порази, а кога ќе наидат на нив, паѓаат во несвест.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Си мислиш лесно ќе биде, уживаш во сè што ќе наиде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако ме слушаат што им зборувам, ќе наидат на својата вистина. Немам намера да ја искривувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На Татко, чиј ред беше да ги претстави најтипичните заемки од областа на историјата, администрацијата, оружјето и воените звања, географијата, временските појави и другото на коешто ќе наидеше, додека според договорот, Камилски требаше да ги издвои и најкарактеристичните заемки со најдолговечна и најширока употреба на Балканот и во неговите граници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се служеше со висок диоптер на стаклата од очилата, а на моменти, кога ќе наидеше на најситен слог, а тоа се случуваше често во едвај разбирливите сиџили, кадиските записи, мораше да се служи со лупа, но и од неа немаше големо фајде.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко внимателно читаше, напати кога ќе наидеше на непознати зборови, се служеше со својот толковен речник Ларус.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со таква задача беше задолжен и Камилски, којшто овие зборови требаше да ги извлече од областа на архитектурата, урбанизмот, трговијата и занаетите, земјоделската терминологија, алатите, парите, мерките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски се враќаше дома потпевнувајќи една арија од Верди, која обично ја потпевнуваше во радосни мигови, но најчесто во својата библиотека, крај отворените книги, особено кога ќе наидеше на мисла при читањето, којашто ќе му го огрееше срцето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш неговиот весел и полетен пев прострујуваше во куќата и тоа беше сигнал дека Камилски сретнал добар автор меѓу многуте книги во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговите очи прелетаа во круг преку ѕидовите, како да очекуваа дека некаде ќе наидат на прозорец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеше дека ќе наиде во следниот момент.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
13. НОВ БУНАР КОПАЈ, ВО СТАРИОТ НЕ ПЛУКАЈ - зашто и водите подземни скршнуваат патем, не се знае на каков истек ќе наидеш тука - еднипати свеж и бистар, другипати матен...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Одеа по жолтата песоклива бескрајност и запираа на некои места каде што таа во кутии земаше примероци од песокта, примероци од закржлавените пустински растенија на кои ќе наидеа и продолжуваа понатаму.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Првиот на кого ќе наидеш, ќе те избербати.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не смееш да допуштиш да бидеш избирана. Не си предмет од витрина или на аудиција.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Додека зборуваме за тоа како се бавиме со состојбите на нашите сетила всушност трагаме по корените на нашата болка - зборуваше Стариот писател или се обидуваше да ги нафрли пред нас своите стравувања или несогласувањата, недоразбирањата што можеби во идниот момент ќе наидат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност ни не претпоставуваше дека по тротоарот, речиси пред Саемските порти, на дофат на гратскиот центар, ќе наиде на раскашавени бели соспи, а влажните чевли веројатно нема да бидат најдобра препорака за високиот и значаен собир.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Кога ќе наиде такво јавно прашање за осомничен и осуден човек, а со своите очи имате видено и како Чардаклија го водат со врзани раце, ќе помислите пред сѐ дека некој злонамерно сака да ве молерисува или нешто слично, па нема ни да се обидете да го скриете она што го знаат и пилците по грмушките“, се насмеал гостилничарот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
2. Широка душа Нека биде тивко кога ќе наидат снегулките рафинирани небаре жени по меандрите низ аглите, низ алгите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мојот Семјон седи во удобен стол, а кога ќе наиде клиентот за да се качи по скалите, тој го запира.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Господи, јас навистина се посомневав дека си начнат веќе од страдот и дека вистинската болест ќе наиде малку подоцна, кога ќе заборавиме на неа; кога ќе ни се измолкне од вниманието.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа ти велам: на брегон, па кога ќе здогледаме некого што не е за кум, молчи зад дрвјето, а ќе наиде ли некој поимашлив, буп! детето пред него...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кој на друм, тој кум. Како што е адетот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АМПО: А поимашлив не ќе кавдиса тебе да ти биде кум.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АМПО: Се знае и тоа кој ќе наиде прв.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Мене, секако, ништо не ми беше јасно, па љубезно го замолив да ми каже што подразбира под тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Британските групи како Битлси, Ролинг Стоунси, Гери енд Пејсмејкерс, Кинкс, Анималс, Јардбирдс итн. наидоа и ги променија сите ставови за тоа што е, а што не е во фазон. Tough-big-city-teenage look или Mod и Edwardian.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
2. Веројатно ја знаете онаа приказна за двајцата монаси, но сепак ќе ви ја раскажам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зошто ја пренесе онаа жена преку потокот?“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден ден одеа заедно, кога стигнаа до потокот кадешто стоеше една млада жена, која се надеваше дека ќе наиде некој кој ќе ѝ помогне да помине од другата страна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Момчињата од Америка го копираа кокни-стилот за да смуваат некоја девојка, а штом ќе наидеа на некој вистински Лондонец, се обидуваа да го натераат да им раскажува што подолго, без разлика што тој раскажува, само за потоа да можат подобро да му го копираат говорот. (...) Работа која отсекогаш сум ја сакал беше да ги слушам луѓето што зборуваат еден за друг - на тој начин ќе научиш колку за оној што се зборува, толку и за оној кој зборува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Посебно ќе истакне дека во контактите што ги имал со „народот во Белград… и со партизани и со независни, со ентузијазам ги поддржуваат погледите изразени од страна на генерал Темпо и протестот на г. Влахов“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа би ја вклучило и грчка Македонија во автономната држава и ќе наиде на истите пречки за тоа, кои се истакнати во претходната сугестија. (б) Автономија на негрчка Македонија во рамките на федерацијата на Балканските Словени, која би можела да се оствари со доаѓањето на власт на нови елементи во Србија и во Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговиот заклучок бил јасен во однос на тоа дека „македонското прашање“ „…ќе биде еден од најтешките проблеми што ќе треба да се реши на Балканот“ и дека „без разлика какво ќе биде решението, тоа секогаш ќе наиде на жестоко спротивставување од едната или од другата страна“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се чини, тоа е најдобриот начин да се стави крај на меѓусебниот антагонизам меѓу Југославија и Бугарија, кој ги влече своите корени од македонското прашање и на тој начин би се овозможило формирање на голема федерална држава на Јужните Словени што е и краен идеал на голем дел од интелигенцијата и на помалку шовинистичките Балкански Словени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, изгледа дека малку од тоа е во состојба да стане нешто повеќе од програма највеќе поради вистината на поставеното барање: еднократноста на секое искуство (“потребна ни е музика без проба”) бара свест испразнета од навиките и клишеата на мислењето, секогаш спремна на “било што што ќе наиде”, т.е. свеста на просветениот човек, а тоа на макропланот на општеството е прилично тешко и нереално да се очекува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Според мислењето на Дон Хуан, се потсети авторот, кога воинот ќе наиде на непремостива тешкотија, тој се повлекува со што освојува време за барање излез од ситуацијата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот се присети на советот на Дон Хуан според кого едно од најважните начела на воинот (или умниот) е да се повлече кога ќе наиде на непремостива грешка со цел ситуацијата да ја пресогледа и преоцени.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Демократските традиции на францускиот народ и силно изразеното прогресивно мнение се сметале за извесна гаранција дека атентатите ќе наидат на поголемо разбирање во Франција отколку во било која друга голема сила.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)