Како и спахиите и тие ја согледуваа непосредната полза од мостот; и во есен, кога ќе надојдеше реката, и во зима, кога ќе нападнеше снег и сè ќе заврзнеше, прилепскиот пазар им стана попристапен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не приоѓајте му, Тој се крие во жиличките на тревата, Скита низ пустината и наслушува од која страна ќе надојдат водите, разговара со плодовите, неговиот глас за визглавје го ставаат во крошните на децата и во постелите на болните, неговата галија плови меѓу пусти острови расфрлани низ морињата на оние што останаа без сон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И така со години: кога ќе се повлече езерото - умираат, кога ќе надојде - оживуваат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но штом ќе надојде езерото и ќе им плисне вода - тие одново оживуваат, одново им се враќа силата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Широко езерско синило и таа како чун зариен во него; кога сите правеа куќи понастрана од езерото за да не ги лока и подјадува, Бандо тука, на самиот брег, до самата вода ја направи куќата да го слуша нејзинот шум, нејзиното заплискување на ѕидот од куќата и брегот; а кога езерото ќе надојдеше и ќе се разбеснеше, кога ќе почнеше да му ги подлокува ѕидовите на куќата, тој го молеше бога само да не му се урне куќата и да го потфати, а кога ќе се смиреше езерото, веднаш почнуваше да ги поправа и зацврстува ѕидовите. И така постојано.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Најголема разонода ми беше кога напролет ќе надојдеа рекичките со таа бистра вода, а јас ќе седнев на работ на реката и по цел ден си играв со камчињата што ги миеше бистрата вода.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Господи, со очај се мачев да разберам. Можеби само ги мислам своите прашања и можеби сум веќе безгласен и глув, мртов или пред умирање, нападнат од момчешки соништа!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но далечното ѕвоно ја отчукуваше возбудата на моето срце што раснеше со трепетливоста на тагата и радоста, најпрвин на тагата за сите мртви на патот што пролетта ќе ја почувствуваат по движењето на лесковите или габеровите корења, потоа на радоста што сум жив и што можам со прсти да го допирам своето врело лице, што оздравувам од невестинска песна, придружничка на птици и клокотава смеа на селски дечишта: Кога, дете ќе ми плаче ќе ми плаче за цицање полегни го под стреине ќе заросам ситна роса ќе надојам машко дете ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Често си играше така како мал, кога ќе надојдеше Луда Мара, па и подоцна кога сè уште не можеше да се оттргне од детството, иако веќе покрај него шеташе по некоја од неговите симпатии како манастирска пауница, на која тој уште не знаеше како да ѝ пријде, како да ѝ се приближи, да ѝ се додвори и да ѝ предложи (љубов, се разбира, не неизвесна иднина со непознат сликар).
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Некогаш по многу врнежи, таа правеше многу штета, ќе надојдеше како порој и сѐ околу неа ќе одвлечкаше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)