Сликарите кои излегуваа како победници од битките со надворешниот непријател самите се присилуваа да им се спротистават на сопствените комплекси и особено на фамозниот хроничен страв својствен на “новиот човек” со социјалистичка формација.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Двајца големи уметници, наоѓајќи се обата во сосема различни културни средини, се занимаваат со слични естетски и пластични проблеми.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Благодарејќи му на Кабаков, првиот руски сликар кој подлабоко се заинтересира за инсталациите, Бојсовите иновации полека ќе навлезат во руската уметничка свест.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
50. Сегашниот политички опит да беше бил кај Бугарите понапред, ќе се пристапеше прво кон разделувањето на сферите за влијанието во Македонија меѓу Србите и Бугарите, а после, во време на востанието, српските и бугарските војски ќе навлезеа во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сметам дека кога човек ќе навлезе во оваа територија се здобива со наследство кое бара истенчено чувство за рамнотежа за да не се повредат духовите на минатото.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кога навистина ќе навлезеш во суштината на релативноста на нештата, ќе знаеш што можеш да очекуваш.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
До година, штом јакиот студ ќе ја запре палавата лапавица и штом по соголените гранки јануари ќе го оболежи својот пат со остри кристали од мраз, на ајдучката глутница ќе и се придружат уште четири млади волци, ќе вијат по снежната пустелија и кога ќе навлезат в трло ќе ги исколат овците и со замрзната крв на своите муцки ќе се нуркаат во маглите на планината.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Понекогаш, во вечерните часови, кога спомените довеани од вечерните сенки ќе навлезат во твојата душа, спомни си за мене.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Најпрвин стапалата ги ладат, потоа ќе навлезат во водата до коленици, па до раменици, па ќе се нурнат - така по кошули ќе се нурнат - со плева и правта напластени.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
До година, штом јакиот студ ќе ја запре палавата лапавица и штом по соголените гранки јануари ќе го обележи својот пат со остри кристали од мраз, на ајдучката глутница ќе ѝ се придружат уште четири млади волци, ќе вијат по снежната пустелија, и кога ќе навлезат в трло, ќе ги исколат овците и со замрзната крв на своите муцки ќе се нурнат во маглите на планината.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Победник во борбата со потсвеста, ќе навлезам во магичен свет, за да го објаснам, лажното гушкање на индивидуите...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
„Професоре, тие исцедни води ќе ја мијат нечистотијата, па ќе навлегуваат во подземните води и во водите на Вардар?“ запраша Томе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)