Неможам Асан ќе дознае Љутви ќе дојде до Цирих ќе летаат зуби неможам таму во илегала судбина моја е Речица Мала
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Но тој не стигнал ни да зине, кога таа удрила со бастунот по масата: - Слушајте, началниче, му викнала со страшен глас, - ако не го отпуштите веднаш оној некадарник, ќе летате и вие одовде...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ако те видел Фисот, ќе летаме и двајцата од училиштето!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потоа ќе пијат и ќе пеат, ќе летаат по студеното небо.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Никогаш нема да летнеш, ќе леташ во место, но ако имаш малку страст и среќа, местото ќе летне со тебе. (Си ја гледа раката) Од ова ќе останат само коски. Мисли на мене.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
СТЕВО: Ќе ми пораснат крила. Ќе ви треба двоглед да ме видите. СИМОН: Кај ќе леташ?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во тој момент истрча од продавницата за зеленчук продавачот што ние го викавме „Пиљарот“ и се развика: - Што правите, копилиња, само ако ве подграбнам, пердуви ќе летаат од вас!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ако сонцето умре, нели на земјата ќе се спушти тежок, вечен мрак, - ќе умрат и дрвјата и убавите треви и, сигурно, не ќе се видува кога птиците ќе летаат, кога бистрите води ќе течат.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
На крајот – козите сигурно ќе летаат кон небото. Немаше друг излез!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кога следното утро се разбудил, знаел дека веќе никогаш не ќе лета во темница: неговото чувствително ноќно сетило исчезнало.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Од сега ќе летам секој ден, секогаш кога ќе посакам!
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тогаш го убија Давидета Недолетниот. Го виделе качен на едно дрво и му рекле: - Што правиш ти, таму? - Еда, ќе летам, му рекол Давиде Недолетниот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)