ќе (чест.) - краде (гл.)

Се чу себеси како ветува дека ќе лаже, ќе краде, ќе фалсификува, ќе убива, ќе ја поттикнува употребата на дрога и проституцијата, дека ќе шири венерични болести, дека ќе фрли солна киселина во лице на некое дете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некои офицери ќе се опијанат и ќе одат по селата со војниците, ќе крадат, ќе земаат и ќе напаствуваат жени. Жените ќе се драскаат со војниците, ќе припискуваат. 139
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си крадел страчкини јајца, ќе крадеш и мисиркини, па дури и мисирки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога тие ќе крадеа овошје по градините или зеленчук по бавчите, на него белјата ја фрлаа; и кога ќе врзеа куче и мачка за опашка или кога ќе им врзеа конзерви да тропаат по нив и панично мјаукаа и лаеа низ селото, на него белјата ја фрлаа; кога на селскиот добиток ќе му ставеа коњски муви и стршлени под опашката и тие јуреа и рикаа како бесни низ полето или сокаците, белјата на него ја фрлаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Потоа еден од оние што му го сечеа челото на тој Онисифор со обетка на увото, Чучук-Андреј или Цене Папчев, рече: „Требаше прстите да му ги исечеме. И грлото. Ни ќе крадеше, ни ќе се смееше над нашиве тегоби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никифор Ганевски рече: „Со нокти одврзете ми го папоков ако Онисифор Мечкојад не се обидува да нѐ исплаши“.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)