Што требаше да биде тоа „Ќе ви...“? Ќе ви покажам јас вам, или ќе ви дадам отров, или ќе ви ја заебам мајката и сестрата и сѐ живо и мртво, или ќе ви стокмам слика од мене да се крстите пред неа, или ќе ви го сторам ќефот, ќе ве најадам и ќе ве напојам, или ќе ви ја земам силата, и така обесилени, ќе клечите пред мене и, тресејќи се, ќе молите и ќе чекате, оддалечени долу, под моите коленици.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слогови чија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се нивни години, утре ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урнатината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт и станаа смрт дури и по својата смрт.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не можел да стане јасен, разбирлив, можел да ги трогне со библиска можност за воскресот на сите мртви пред кои живите ќе клечат и во безумен уплав ќе молат да им бидат простени гревовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чекале тој глас да порасне во него, да го напне, да му ги расфрла ситните парчиња на распаѓањето, онде, по рудината со заборавен пат од непознати времиња, а тој уште чекорел кон нив небаре и самиот се плашел навистина да не се распадне на педа од отворениот гроб, од незасилениот пламен во јамата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потем додал: „Јас сум борец... Летај, брмчи, боди, сечи, Пред мене и џин ќе клечи!“
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слоговичија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се долги години, уште ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урна тината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)