Едни викаа дека на сила не можат да ги присоединат со Албанија, други тагуваа како ќе се гледаат со своите најблиски, со своите роднини кога ќе ги подели границата; трети викаа дека ќе се отселат, ќе соберат што можат од покуќнината, од добитокот, ќе испродадат сѐ и нема да останат во Албанија; четврти одеа во црквата, палеа свеќи, се молеа, плачеа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)