Војските се влечкаа на фронтот ноќе, одѕвонуваа нивните чекори, тропањето на коњите, им штракаше оружјето и опремата, им светеа шлемовите на месечината, им се гледаа жарчињата на запалените цигари кога ќе испоседнеа под муренките да се одморат; некогаш врвеа низ село, некогаш низ ридиштата и планините за да не ги види никој.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)