Повозрасните мажи од селото, кога немаа работа околу добитокот, доаѓаа тука, некои седнати на столчињата, а некои така простум од нозе ќе испиеа по некоја чашка ракија.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
- Уште едно ќе испијам, - рече тој и пак го стави шишето под шупурката. – Сакам петнаесет да бидат. – и Водата потече во него, стивнаа децата, та се слушаше само шуркањето на водата.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Пеце малку се поколеба, но сепак стана. - И ќе испијам, - рече.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ќе седнеа во тремот или под лозницата, ќе испиеја по една ракија, ќе го пробаа сирењето што го донел и ќе се расприкажаа за животот во планината, за упадите на глутниците, за громовите, за пожарите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ќе земат со сила туѓо, ќе испијат вино од туѓите лозја, ќе се опијат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Понекогаш, на патот, ќе застанеа и ќе испиеја црно кафе а потоа загреани продолжуваа натаму.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Жена му ќе го извади шишето што веќе го довеле, што двајцата, што самата, речиси подолу од половина, и ќе испијат по една.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)