Врз основа на сето тоа што го реков јас за историјата на националните имиња што се имаат сменувано едно со друго, како и за причините за тие сменувања, ќе изникнат многу злоупотреби.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се чини дека во трк се наближуваат стрелачките ланци, дека ситно yвечка оружјето... секој момент се чини дека од калдрмата ќе изникне сива, расплината фигура и ќе повика: - Стој!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Како сенки да се движат, како да се слуша шушкање од земјата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Најпосле го одбра местото каде што ги рашири ногалките, како да поставува цреп таму каде што најприродно ќе изникне цвеќ ето, го распна празното платно на подготвените летви, го распореди приборот околу себе и стоејќи зазеде став како тркач на старт.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Колку убавини да се среќаваат во Париз, сепак, кога се слуша за неговите идни развојни концепции, кои треба да станат стварност по триесетина години, кај секого оживува своевидна заинтересираност, зашто се смета дека во периферните длови на овој град ќе изникне нешто екстравагантно, нешто единствено, зашто се знае дека тоа се случува во најубавиот град на светот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А за Митра не бери гајле. Таа е сместена и има пари да поседи со Јована Гуровчето во Софија. Со овие зборови Толе им даде на Трајка и Атанаса да разберат, дека семето што го фрлија падна на плодна земја и убаво ќе изникне.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На Толета му се отворија очите и се осети окуражен кога разбра дека и други како него мислат за она што сам си го постави за цел; а Трајко и Атанас, задоволни што ја исполнија задачата што им ја возложи Организацијата, дури и со факти ќе докажат со двесте и педесет лири, дека Толета го завртоа на нивна страна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)