Во поткрепа на тоа тој сметал дека би требало уште веднаш да се започне со практична акција, а како пример го навел ослободителното движење во Југославија, во кое биле вклучени комунисти и некомунисти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Се тики ќе изнајдеа некој нов извор на приходи за кој, по правило, султанските надзорници дури отпосле дознаа, а кога тие ќе дознаеја - веќе беше доцна; Акиноските го напуштаа него и смислуваа друг.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но уште ќе рече дека на тие што им недостига храброст ќе изнајдат цела филозофија за да се оправдаат. Каква храброст покажував во тие мигови?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Адамиќ сметал дека во таа ситуација "Обединетите нации би требало да бидат тие што ќе обединат и ќе изнајдат формура за акција, со што оптимизмот на Салвемини би станал реален".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уште во детството, имаше малку луѓе во селото, што беа останати живи за да го паметуваат тоа, заминал Језекил првопратено на туѓина со некоја тајфа, сонувајќи и тој, како и сите други мажи во селото, со својата детска главичка, дека во тој свет, што пукнал пред него под пролетното небо, ќе изнајде и за себе нешто што ќе му биде доста за да го израдува и за да го прерани, дека ќе успее да сработи со своите вредни рачички за себе и за своите дома.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)