ќе (чест.) - измисли (гл.)

Се знае ли што не ќе измисли војник во првите бојни редови, чекајќи ја смртта секој момент? Ho по едно време оваа цуцка се претвори во вистинска стапица за војниците од двете страни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Види, ти се молам. Што не ќе измислат уште гостите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Истовремено од тогаш, кој како ќе измислеше да купува автомобил, било во готово или на кредит, јас парите ќе му ги приберев.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ќе измислам една иднина и ќе се смирам, мислеше. Ќе побарам некоја Марија за една вечер, дури и ако не никне на врбите грозје.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го охрабруваше тоа што беше скоро сигурен дека дома евентуално ќе најде сама жена за која лесно ќе измисли прикаска.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можно ли беше Атиџе да се појави? се прашуваше. Ќе измислеше ли нешто да се појави, макар и забулена?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знаеш што? Ќе измислам сон во кој ќе минуваме низ вселената.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Жените го колнеа старецот, шепотеа по улицата и уживаа, веруваа во сѐ што ќе измислеа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Демократија без граници По мое мислење, таа спротивност може да се разреши или со пораз на демократијата поради победата на пазарната економија, или со спротивниот развиток, или така што ќе измислиме „демократија без граници“, демократија во која граници­те веќе не се единствениот критериум за тоа чии сме граѓани според тоа во кој регион живееме; друга можност е човекот своите права на граѓанин (и државјанин е да може да ги користи во разни региони; трето, да има право да припаѓа на поголем број региони.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На другата вечер је го украла ножо на золвата од под перница и си го заклала машкото дете ноќта.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На тој инат, беше се акнала в гради и што ќе измисли?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мајка чекаше загрижено. Што ли ќе измислат сега, на крајот!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)