ќе (чест.) - излета (гл.)

Овие изгладнети ѕверови ќе излетаат од кафезот како куршуми.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Рада ниту некого гледаше, ниту слушаше. Напрегнатите гради чиниш ќе излетаат од сатенскиот фустан.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не е ова ни прва, ни последна...). Мајка му ќе излеташе од радост: не можеше да му се изнарадува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Срцето го чувствуваше во градите како растреперено пиле... Секој момент ќе излета...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Прво тетка Перса се прекрсти и ја бакна Богородица, ја натера Пеличка да се прекрсти и кревајќи ја, да ја бакне во златното лице, дури потоа Пелагија застана пред Богородица и долго стоеше со подзамижани очи, со жесток прекор во срцето, мигум се сврте тркалото на нејзиниот живот од она попладне на нивното сретсело сѐ до разораната нива во бескрајната Војводина и сега ѝ се чини дека сѐ уште лежи со раширени нозе, и тоа трае, трае, Перса ја кренала Пелагичка и ја притиска силно на своите гради и чека кога Пелагија ќе се сврти и јурејќи ќе излета од црквата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Боге попушти да притиска на педалот за гас кога стрелката на патот му се изгуби пред очи, но колата ги фаќаше свиоците како нишалка на рингишпил - тамам мислиш ќе излета таа ќе се врати и ќе се исправи, и во наредниот момент е подготвена да ја повтори истата игра на другата страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не постоеше веќе никаков страв дека некое од децата ќе се престори во птица и оти ќе излета.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Биле заблудени од водните духови, мислеле дека ќе излетаат, кутрите, си замислувале дека ќе излетаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Охо-хо, ќе речеше мавтајќи со рацете, чиниш ќе излета во небото, охохо се клецкаат, Леме!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во првиот час кога го отворија вратничето, кога се најдовме очи в очи со Големата вода, мислев дека сепак некое од децата ќе прибере малку сила и ќе излета, ништо не ќе може да го задржи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, каде ќе излетаат, тоа беа високи прозорци, речиси до таван, и надежта да се остане жив беше никаква.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Прочуениот човек од гума Август Рицман ќе излета од грло на голем топ и ќе пробие три пламени обрачи. Сјајна, незаборавена точка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ќе стасаш ноќе пред таа куќа, очекуваш дека од неа ќе излета рој немили дилјаци со пискање да те поздрават.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога потоа се запраша зошто е толку нервозен, сфати дека си мисли „Гадот се ожени и не живее веќе со мајка му“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во тоа време гледав како тетка Олга пребледува и ги подава рацете накај шолјата, небаре ќе фати нешто што ќе излета од неа, а потоа како устата полека ѝ се искривува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе излетаме од радост што попладнево ќе ни мине во нив. А красни се и погодни за сѐ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Жените ќе излетаат од страв: се собираат и само плачат. Дома не ми се влегува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го гледаме отстрана, а Бузо просто ќе излета од некаква важност, воображеност и шуплива горделивост: минува по патот си издолжен врат, поткрената глава и не сака со никого ни да запре, ни да прозбори.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некои војници во тие пијанства ќе ја грабнат пушката и ќе излетаат од окопата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа плаче - ќе излета: го шири и го собира мешето и претка со рачињата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)