Кога најпосле виде оти што намуртените не ќе зинат им рече: - Кое добро бре златни?
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Децата, шест на број, речиси сите на иста возраст, ќе зинат и како чавчиња ќе гракаат и ќе чекаат тој нешто да им фрли в уста и откога ќе видат дека нема што да фрли, ќе папсаат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ќе зинат провалии и во нив ќе потонат злите сили. Ќе успееме ли...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
НАЦА: Доста го тажи како мртовец.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Тје, така и човек понекогаш, сит, наранет, ама ќе зине и не мрднува повеќе. Баш така како овој саат.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Зини, ќе ми рече, и јас ќе зинам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Здраво, право, што се вели, сѐ има на него, ама штом ќе зине да плаче не запира додека не помодри, додека не му излезе душата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе зинам, а збор не излегува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Ааа, пак ќе зине Контрашенко.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И наеднаш белата мека небеска шир ќе ја собереше како во еден здив и ќе ја наредеше на еден единствен стог на хоризонтот, оној северен ветер, а од средината на високото, крвјосано небо ќе зинеше со сета острина на своето срчено око северната ведрина- цибрината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во пазувите на ова бессоно утро Во падините на рајот вечен Жена метузалемски стара ми прорече: Кај што река има, таму тече Крвта на твоите незнајни предци А кај ќе видиш санта, глечер Таму нема вера, таму нема светци Тук кон зло те тера лик нечовечен И тој ќе зине муцка клета Вели – малку ли се трите Света?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
6 „Ќе се обесам ако оган не го изеде однатре.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секогаш кога Сандре Самарија ќе зинеше се закануваше дека ќе се обеси ако не е прав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Што веројатно не значи дека истите тие што приговориле така нема да ви кажат некој виц за педерите и за песничките од мјузикли – штом пак ќе зинат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ќе зинам пак да викам, вели, и тоа е некое празно место, кај што никој не поминува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Секогаш кога ќе зине Витомир, устата му е полна со чад. Небаре оџак што враќа, што не трга.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Бакрданик со козја маст, вели, мртва уста ќе зине да касне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)