Боринка - свеќа, трепетливо свети пламенчето во планинската лединка, ту се исправува, ту потсобира, се чини ќе згасне и одеднаш пораснува и шири малендава светлина за тие, кои лежат тука, да имаат светло и човеково паметење...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Малендавиот пламен ги зафати и потфати, ги подбра, ги оближа, се разниша над нив, посина и кога се чинеше дека ќе згасне, наеднаш се исправи и ја осветли земјанката. Никој не се помрдна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Понекогаш кога не ќе плачеше, тлееше како јагленче, се чинеше дека ќе згасне, ушите му се истенчуваа, очите му втонуваа, лицето му стануваше како крпа, и пак се повраќаше и живнуваше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ако треба да изгориш – огнот ќе го поприми обликот на моето тело Ако треба да умреш – ќе згасне и мојата врсничка меѓу ѕвездите.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
- Тие се како седумте џуџиња на Снежана? – праша таа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Потоа, кога огнот ќе згасне, и откако сите ќе си легнеме, троловите ќе се рашетаат насекаде и цела ноќ ќе играат, пеат и ќе си разговараат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- „Вистина е така, рекол кралот, но кога сонцето ќе зајде, кога месечината ќе зајде, кога огнот ќе згасне, кога звукот не ќе се слуша, кое е тогаш светлото човеково?“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- „Вистина е така, рекол кралот, но кога сонцето ќе зајде, кога месечината ќе зајде и кога огнот ќе згасне, кое е тогаш светлото човеково?“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Зошто толку многу геј-мажи и понатаму им се восхитуваат на негеј-ликови и се идентификуваат со нив, зошто и натаму претпочитаат културни прикази во кои отсуствуваат геј-мажи?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Добро би било да се знае дали општеството е виновно за фактот дека толку многу геј-мажи бараат негеј-алтернативи за живописната, амбициозна, уметнички остварена, разновидна, многу енергична и бескомпромисно „аут“ геј-култура што им е сега на располагање... исто како што понекогаш и понатаму им е тешко да ги посакуваат геј-мажите како геј-мажи, а не како факсимили на стрејт-мажите или како божемни отелотворенија на стрејт-мажественоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дали машката геј-култура, од поткултурниот подвид што го опишав тука, ќе згасне?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-ослободувањето, со други зборови, можеби има уште многу работа.
21 ЗАСЕКОГАШ НАСТРАНИ
А откако геј-ослободувањето ќе си ја одработи задачата, што тогаш?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дали идните геј-мажи не ќе можат да сфатат, освен некако сожаливо и посрамено, зошто нивните претходници што живееле во дваесеттиот и во дваесет и првиот век гледале толку значење, толку радост во хетеросексуалните културни облици што ги исклучувале, барем онаму каде што таквите облици не содржеле експлицитни прикази на геј-мажите и машкиот геј-живот?
Дали машката геј-култура или поткултура што ја опишав тука е производ на хомофобија?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Некој извикува дека тој е господар на сонцето, и дека само ако дувне, сонцето ќе згасне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Но можеш ли да го изгаснеш сонцето помочувајќи го?,“ му викнува некој глас од толпата, а тој ги спушта пантолоните, моча нагоре, кон сонцето, и се измочува, а толпата радосно вреви.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Уште со првите проблесоци на свеста кај детето започнува едно тегобно чувство за времето, како нејасно претчувство дека постоењето е составено од зрна песок кои ги развева ветерот, и дека единствено она чувство за себе, за Јас, нѐ држи навидум целосни, сѐ додека не биде одвеано и последното зрнце песок, тој последен остаток од животот, со кое и Јас ќе згасне, а зад нас ќе остане само ветерот на времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ветерот повремено толку силно бие што не ги носи само зрната песок, туку отцепува парчиња и од самото Јас, па тоа Јас се чувствува немоќно, му се чини дека ветерот ќе го понесе и него заедно со песокта, ќе го згасне уште пред да бидат одвеани сите зрнца песок кои му биле доделени за до смртта, и тогаш Јас бара некое друго Јас, некои други Јас, со кои ќе се движи заедно додека околу нив беснее ветерот на времето; има потреба од тие други Јас не како поткрепа за преживување во материјата, туку како поткрепа за преживување на она најсуштественото од тоа Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Знај дека сето тоа е создадено во материја, и еден ден материјата ќе згасне, ќе исчезне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Знај дека и твоите дела, кои ќе се читаат и толкуваат сѐ додека има луѓе, еден ден ќе умрат, а со нив ќе умре и твојата бесмртност, затоа што еден ден ќе умре и последниот човек.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)