Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Често кога ќе зашумат лисјата, на луѓето им се присторува како да го слушаат гласот, шепотот, на нивните умрени.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)