И неочекувано ќе запее, во грлото потопе му клокоти.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
“ – или фактот дека „кога ќе запее, алто-гласот му има нежна убавина што звучи класично женствено“?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Секогаш кога ќе запееше преку радиото дотичниот пејач, татко застануваше на среде собата, бараше јас да сум покрај него застанат простум. Слушавме.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ќе запеат подоцна без тој човек и песната ќе куца и ќе се влече сакато; доколку им се придружи трет, можеби Трипун Караѓоз, со нос кој како да раснел на плодно земјиште за цвекла, и болвите преплашено ќе им избегаат од пазуви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Им било жал: заедно со Васко Тушев убаво пееле во три гласа јуначки и свадбарски песни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нашите мали деца, сега големи луѓе, мезат на масата и пијат кавадаречка ж’та, па нормално стануваат сè погласни и погласни, па ќе побараат и музика, па и ќе запеат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Савка живо се приготвуваше, понекогаш и ќе запееше: пред гроздоберот попот ќе ја благослови и таа ќе појде во куќата на својот чекан маж и не ќе се плаши веќе од потсмешливи погледи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мора да ѝ се случуваше нешто ужасно, ја тепаа или чувствуваше дека е болна и токму кога Нора ќе запееше нешто од Форе, а јас на пијано, загледана во толку среќниот Луис Марија, налактен на крајот што му правеше нешто како рамка околу него, тој загледан во мене, задоволен, со лик на кутренце, чека да ги чуе арпеџата, двајцата толку близу и толку вљубени.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Ќерко, тоа беше последен пат да те молам да ме следиш на пијано. Се изрезиливме.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ќе запее петел (див бездруго, тогаш ни луѓето не биле питоми), а нив - еве ги. Благодет.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Савка живо се приготвуваше, понекогаш и ќе запееше: пред куќата на својот чекан маж и не ќе се плаши веќе од потсмешливи погледи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Секогаш кога двете групи во јамата ќе легнеа премалени, некој од момчаците робови ќе запееше.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Речиси во сѐ беше едноставен, а кога ќе запееше некоја борбена песна, тогаш стануваше чудесен.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ако воопшто не си дојде?... (Паѓа плачејќи скршена од болка).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Кога на пролет благиот југ ќе запее и јас со него заедно гласот си го здружувам: белки Костадин ќе чуе, скоро да ми дојде...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Голем бакшиш ќе добие од момчетооооо! — и пак го спушта гласот— Ако не му треба немууууу И така ќе ги изреди сите денешни новини ,по сите улици во Прилеп, и секаде кога ќе ја заврши последната, ќе запее „кикиригуууу".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И низ песни прескокнуваа цели епохи Од Самол па до наши дни Што има Македонците да се плеткаат Во подемот и пропаѓањата на сите империи Одвреме навреме во песната на Македонците Ќе им влеташе по некое клето Турче И тогаш ќе се сепнеа и ќе си речеа колку ќе се изрезилеја Ако го скокнеа времето на Отоманската империја Баш во тоа време се збрани сите македонски страдања Сите порази и загушени востанија Баш во тоа време на Македонците им се нанесоа најголемите неправдини И некако природно се прими што Отоманското царство Го урниса човек роден и учен во Македонија Природно беше што во тоа време Некои Македонци влегоа во Стамбол на бели коњи Иако беше сосема неприродно и уште понеправедно Што по по урнисувањето на Царската порта Македонија ја распарчија балканските орли И оттогаш наваму така распарчена се тетерави И во соништата за сите царштини Ја римски ја византиски ја турски биле Тадури и австро-унгарски И на Австро-унгарците Македонците им најдоа маана Да стасаше нивната царштина до Македонија И тука одамна ќе имаше филхармонии и универзитети А не само амами тек и чифте амами и секакви анови Одвреме навреме Македонците ќе запееја Под московски вечери Рабјинушка Калинка и такви песни Знаеја многу такви песни како да не знаеја И од порано беа начуле по некоја Ама особено научија да пеат по руски Откако се најдоа во црвеното царство Неоти знаеја како се најдоа во црвеното царство А отпосле дознаа дека баш во времето На црвениот император Јосиф Висарионович Сталин Се стави печат на старите делби на Македонија За сега Македонците севезден да се прашуваат Има ли во историјата печати што бледнеат Има ли печати на кои им истекува рокот на траење Ако има такви печати тогаш сетики ќе дојде денот Кога на најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Македонците ќе ја качат најубавата им мома Угул гола ќе ја седнат врз знамето со шеснаесеткракото сонце Префрлено наместо седло преку грбот На најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Во наизменичен патриотски кас и галоп Да го обиколи сиот свет И да ја разнесе насекаде славата и гордоста на Македонците Секако ќе има и такви кои ќе се противат на ова И ќе велат дека тоа ја навредува честа на Македонците И особено честа на Македонките А Македонките се рамноправни со Македонците Ако не од времето на Роза Луксембург Тогаш барем од времето на Валентина Терешкова Македонките уште пред да се родат знаат дека се рамноправни Македонците нека си мислат дека се порамноправни Впрочем какви и да се Македонците никогаш не се сложиле за ништо Па нема да се сложат ни за голата мома гордо јавната На најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Оти сите Македонци знаат дека жена гола ако видат Голема кавга ќе се роди во тие што ќе ја видат и сонуваат А во кавгаџиско настроение се заборават без исклучок Сите соништа од циклусот за пропаднатите империи.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Дури кога ќе запееја за сонцето и летото, усните ѝ заигруваа, додека ги набљудуваше накиснатите прозорци.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Исто така тивко и жално Јоне и Геле ќе запееја по него: Имала мајка девет синови, Десетти пусти црни Ѓорѓија...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Чувството останува да се шири и да се бранува само помеѓу оној кој ќе запее и цвеќето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кога ќе запее Барбара Скала реките кон изворите свои заминуваат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Кога ќе запее Барбара Скала покојните римски легии од земја се креваат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Кога ќе запее Барбара Скала преусвитените огнови во себе дуваат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Песна за песната на Барбара Скала Кога ќе запее Барбара Скала ламаринените петлиња од оџаци полетуваат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Е, море, зелен - нестасан, кога народот ќе запее, тогаш песната останува за навек како... како оваа карпа, како, како... Светото писмо. Така да знаеш!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Да беше дојден чичко Славко, веројатно ќе кажеше нешто мудро и немаше да се развикува како нив, а да беа тетка Маре и чичко Доре, кој прекрасно свири на пијано, веројатно ќе запееја.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Се случуваше, ќе се соберат и ќе запеат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)