Ќе замрат други стари занаети рече Камилски, додека со Татко ја напуштаа чајџилницата по испиените два чаја и се упатија кон Златарскиот сокак врз нечија основа ќе се создатат нови, но никогаш нема да изумре духот на чаршијата! Така е, потврди Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дуќаните во чаришијата, колку и да биле урнувани, палени, ограбувани во текот на војните, земјотресите и пожарите, тие секогаш, изникнувале на старото место, немало сила што можела да ги сопре здружените еснафи да ја продолжат работата!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не ќе се слуша повеќе звукот на воденичното тркало ќе замре во млинот со ново руво.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)