Вели: „За криви колца не треба прав пат“ , велеше Лазор Ночески и ние, седевме ден-два ебали го, може и повеќе да седевме во Варна и после нѐ собраа меѓу пушки со штикови и нѐ водат на воз, а Стеван Докуз уште пред вагонот почна да кука, спомнува жена, деца, куќа, јас го тргам за ракав, да молчи оти со кукањето може да помислат дека вистина нешто криеме и за која странска сила го криеме, и Стеван Докуз ќе се штрекне на тоа, ама пак ќе заборави и пак ќе закука и јас ќе го држам за рака, ќе го шибам в слабина, ќе го штипам и тој пак ќе замолчи и нѐ товараат во еден вагон за добиток ли, за пошта ли, за жито ли, нѐ пикнаа во вагонот, нѐ настегаа в шише и ајде за Софија
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога сè ќе замолчи, нема зборови за разговори долги, а само очите говорат, очекувајќи секојдневно исти денови, времето тече бесповратно, а грижа воопшто немате што си оди, ниту пак знаете патот кај ве води, апослутно на ништо не се надевате, не сакате, ниту мразите, рамнодушно по земјата газите, ни мртов ни жив, е тоа е клето, нема ден бел, само црн, ниту сив, тогаш сфаќате дека, не сте сфаќале ништо.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)